Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Костарика - раскошна убавина

kostarika-zemja-so-raskosna-ubavina-povekjeДали би сакале да отпатувате на некое егзотично патување? Сеуште има време за тоа. Ова е нашиот предлог. Костарика најдобро може да се опише како...


...рајска градина преполна со шарена поезија.

Кристофер Колумбо бил првиот европеец кој во 1502 година стапнал на тлото на Костарика – на „богатиот брег“, како што самиот ја нарекол.

kostarika-zemja-so-raskosna-ubavina-1

Но, не бил потполно во право: не е само нејзиниот брег богат – целата земја изобилува со раскошна убавина.

До април во Костарика владее идеална клима за релаксација на брегот на Тихиот океан. Единствен, по убавината, е брегот кој му припаѓа на националниот парк Мануел Антонио. Неговите два залива Сепадила Сур и Мануел Антонио се поделени само со карпите Пунта Катедрал и подеднакво планат со убавината како и Плаја Еспадилла. Костарика е сигурна земја за патување. Службен јазик е шпанскиот.

kostarika-zemja-so-raskosna-ubavina-2

Во главниот град – Сан Хозе се наоѓа најубавата градба во земјата, ренесансниот театар Театро Национал. Кафето во оваа земја е национален напиток. Ако наминете во Esquina del Cafe, овој омилен пијалак на вашата маса ќе дојде директно од плантажа за кафе, непреработен и без додатоци.

kostarika-zemja-so-raskosna-ubavina-3

Покрај кафето во Костарика се одгледуваат и банани како и шеќерна трска. А, ако сакате да ја пробате разновидната кујна на оваа земја богата со риба и морски плодови, најдобро би било за рестораните да ги прашате локалните жители. Жителите на Костарика 87% се Креоли.

kostarika-zemja-so-raskosna-ubavina-5

Тие во главно се занимаваат со сточарство, преработка на свила, рибарство, шумарство и секако- туризам. Во земјата има и пронаоѓалишта на злато, сребро и хематит.

Доколку ви е страв да го гледате активниот вулкан, ви предлагаме да го посетите згаснатиот вулкан Иразу, чија природна убавина ќе ве воодушеви.

kostarika-zemja-so-raskosna-ubavina-4

На дното од изгаснатиот вулкан се наоѓа зелено езеро. Ако пак сте меѓу оние храбрите, отидете да го постите активниот вулкан Аренал на истоименото езеро. Подеднакво е спектакуларно и возењето со жичарата низ испреплетените крошни на тропската шума Рара Авис.

Би можело да ве интересира:

Подземен град, летање со балон - Зошто треба да ја посетите Кападокија? Кападокија е местото каде што природата и историјата се спојуваат и ги создаваат...
Ако годината се познава по Св. Игнат - мојата ќе биде за Солун, патувања и честење кафе Старите велат „што правиш на 2 јануари - ќе правиш цела година“. Што правевте вч...
10 живописни водопади низ Македонија (а не се Колешински и Смоларски) Кои водопади во Македонија ги знаете? Погледнете 10 помалку познати водопади во ...
Топ 8 најубави плажи на Пелопонез - со ситен песок и кристално чисто море Освен многуте археолошки пронаоѓалишта, историски знаменитости и атракции кои ну...
Есенски патувања за 11 Октомври кои ги нудат македонските агенции (со автобуски превоз) Цените на овие тури се движат од 100 евра до околу 330 евра, во зависност од бро...
Работи што се норма во земјите ширум светот, но се „културен шок“ за странците „За Италијанците, доцнењето е нормално и никогаш не го гледаат како неучтивост“....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg