Колиба на Алпите во Италија со волшебен поглед нуди бесплатен престој, но само ако успеете да стигнете до таму (фото)
На височина од 2.531 метар, на Алпите во Италија има колиба направена во чест на загинат планинар. Колибата нуди неверојатен поглед и можете бесплатно да преспиете во неа, но само ако успеете да стигнете до таму. Би успеале?
На Јулските Алпи, планински венец кој се протега од североисточна Италија до Словенија, се наоѓа мала колиба на 2.531 метар надморска височина.
Осамената колиба е сместена на околу 40 километри од словенската граница и е направена во чест на планинарот Лука Вуерих кој загинал во 2010 година додека искачувал замрзнат водопад.
Колибата била изградена во само еден ден, но поради локацијата, потребните материјали биле носени со хеликоптер. Поради тешко пристапниот терен, во изградбата помагале и искусни планинари и спасувачи.
Колибата е навистина мала, со површина од само 15 метри квадратни и внатре има девет кревети.
Колибата нуди и незаменлив поглед кон околните планински врвови, а најдоброто од сè е што престојот во неа е бесплатен. Но, постои еден услов.
Можете слободно да преспиете во колибата, но само ако успеете да стигнете до неа. А, ова може да биде вистински предизвик.
Како што напоменавме, колибата се наоѓа на 2.531 метар надморска височина и за да стигнете до неа и ќе треба да изодете патека долга 12 километри. Освен искусните планинари, ретко кој може да го изоди ова растојание по планински терен.
Сепак, ако некогаш ја имате потребната кондиција, целиот труд дефинитивно вреди.
Во продолжение неколку фотографии што го докажуваат тоа:
Спирова С. | Црнобело