Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ивана од Скопје: „Го посетив Портофино - не беше магично како на Инстаграм“

Разнобојни куќи се лоцирани околу малото пристаниште и совршено се рефлектираат во кристалната вода, но, барем според мене, на бојата ѝ треба едно добро освежување.

go-posetiv-portofino-realnosta-mnogu-porazlicna-od-moite-ocekuvanja-08.jpg

Најубавиот поглед беше од црквата Свети Григорио, која беше и збирно место на сите туристи кои ја сакаа таа легендарна фотографија од шареното пристаниште.

Протофино живее во летните месеци и буквално беше преплавено со туристи, кафулињата се толку мали, што гостите од другата маса „ти дишат во врат“.

Тука мислам дека го плативме најскапото капучино, 12 евра (сега може да е и повеќе) и панини, што нормално низ останатите италијански градови чини најмногу седум евра, тука беше двојно поскапо.

Самото место брои едвај 500 жители, а Портофино нема ниту плажа, но има убава природна околина која е одлична за планинарење.

Па, така, разочарување и еден мал магнет беше резултатот од мојата еднодневна посета на Портофино, која нетрпеливо ја очекував.

Жал ми е што не бев сведок на зајдисонцето, читав дека тоа е еден од најволшебните моменти во ово познато рибарско место, што го прави толку нежно и романтично.

Од друга стана пак, бев пријатно изненадена од местото Арбелобело, стар италијански град, кој не е многу познат, но е навистина прекрасен.

go-posetiv-portofino-realnosta-mnogu-porazlicna-od-moite-ocekuvanja-05.jpg

go-posetiv-portofino-realnosta-mnogu-porazlicna-od-moite-ocekuvanja-02.jpg

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови и фотографии е казниво со закон.

И. Ј. | Црнобело / фото: приватна архива



Би можело да ве интересира:

Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
Плажи во Македонија кои не се на природните езера – совршени за викенд разладување (фото) Наша плажа на езерото Мантово, но и градската плажа на Дебарското Езеро – низ Ма...
8 пријатни локали низ европските градови каде што има и мачки Во повеќето големи европски градови можете да најдете локали во кои покрај вкусн...
Гратче во Италија со куќички како од бајка - Зошто да го посетите Алберобело? Кога ќе прошетате низ тесните улички и ќе ги погледнете белите куќи со конусни п...
„Ги посетив сите држави во Европа - Бугарија ме разочара, Црна Гора ми е најпозитивно изненадување“ „Италија ми е омилена. Секој може да си ја дозволи, иако не е најевтина. Пејзажи...
10 места низ Македонија каде може да се разладите покрај река на горештините Македонија изобилува со природни убавини, а реките и водопадите се идеално место...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg