„Бев во Радожда - ловев риба, се качив во црквичката во карпа и не можев да се наситам од глетката“

Кејот на Дрим уреден до совршенство, смарагден прво се пени, а потоа шири хармонија. Луѓе се капат во него, се пие кафе покрај него, се руча, се шета, се бакнува, се фотографира, едноставно секој во својот филм.

bev-vo-radozhda-lovev-riba-se-kachiv-vo-crkvichkata-vo-karpa-i-ne-mozhev-da-se-nasitam-od-gletkata-08.jpg

Потоа тука е чаршијата украсена со чадори во најразлични бои, раздвиженоста, џагорот, едноставно душата на Струга.

bev-vo-radozhda-lovev-riba-se-kachiv-vo-crkvichkata-vo-karpa-i-ne-mozhev-da-se-nasitam-od-gletkata-25.jpg

Ги обожавам и плажите таму. Песочни се и многу пошироки од оние во Охрид. Добро, не дека не ги обожавам модерните бич барови во Охрид, но Струга си е приказна за себе.

bev-vo-radozhda-lovev-riba-se-kachiv-vo-crkvichkata-vo-karpa-i-ne-mozhev-da-se-nasitam-od-gletkata-32.jpg

bev-vo-radozhda-lovev-riba-se-kachiv-vo-crkvichkata-vo-karpa-i-ne-mozhev-da-se-nasitam-od-gletkata-14.jpg

Јас би ја опишала како град на романтика, ете така ја доживеав овојпат, иако годинава ја шетав комплетно сама.

bev-vo-radozhda-lovev-riba-se-kachiv-vo-crkvichkata-vo-karpa-i-ne-mozhev-da-se-nasitam-od-gletkata-03.jpg

Во некои локали покрај Дрим големо макијато платив 50 денари и тоа ме врати во едно поинакво време кога цените во Скопје беа друга приказна. Но, тоа е што е.

bev-vo-radozhda-lovev-riba-se-kachiv-vo-crkvichkata-vo-karpa-i-ne-mozhev-da-se-nasitam-od-gletkata-29.jpg

Да се вратам на Радожда, каде бев во една од најживописните црквички во Македонија. Црквата Св. Архангел Михаил е направена во карпа, за да стигнете до неа малку ќе се испотите поради огромниот број на скали, но затоа ќе имате спектакуларен поглед на Охридското Езеро.

bev-vo-radozhda-lovev-riba-se-kachiv-vo-crkvichkata-vo-karpa-i-ne-mozhev-da-se-nasitam-od-gletkata-50.jpg

bev-vo-radozhda-lovev-riba-se-kachiv-vo-crkvichkata-vo-karpa-i-ne-mozhev-da-se-nasitam-od-gletkata-49.jpg

bev-vo-radozhda-lovev-riba-se-kachiv-vo-crkvichkata-vo-karpa-i-ne-mozhev-da-se-nasitam-od-gletkata-48.jpg

bev-vo-radozhda-lovev-riba-se-kachiv-vo-crkvichkata-vo-karpa-i-ne-mozhev-da-se-nasitam-od-gletkata-46.jpg

bev-vo-radozhda-lovev-riba-se-kachiv-vo-crkvichkata-vo-karpa-i-ne-mozhev-da-se-nasitam-od-gletkata-45.jpg

bev-vo-radozhda-lovev-riba-se-kachiv-vo-crkvichkata-vo-karpa-i-ne-mozhev-da-se-nasitam-od-gletkata-44.jpg

bev-vo-radozhda-lovev-riba-se-kachiv-vo-crkvichkata-vo-karpa-i-ne-mozhev-da-se-nasitam-od-gletkata-43.jpg

Во книгата за желби си посакав само здравје за себе и моите најблиски, а за сето друго си ветив дека самата ќе си го остварам.

Пред да се качам во црквичката, поучена од лани, од доле од ресторанчињата си земав клуч за да можам да влезам внатре во неа, потоа си заклучив и уредно го вратив. Да си знаете за да не се качите така и да не успеете да влезете внатре, кога веќе сте таму.

Искрено од сè срце ви ја препорачувам Радожда. Мана е што нема плажи, таму е само плажата на напуштениот камп Треска и на неколку километри е плажата на кампот Ливадиште, но сè друго е предност. Ќе јадете највкусна риба, ќе сретнете најљубезни луѓе, ќе имате одмор со поинакво темпо кое вистински ќе ви ги наполни батериите.

bev-vo-radozhda-lovev-riba-se-kachiv-vo-crkvichkata-vo-karpa-i-ne-mozhev-da-se-nasitam-od-gletkata-06.jpg

Глетките? Па, и повеќе од совршени!

На следната страна повеќе фотки од Радожда...


Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
5 најубави кампови на Халкидики, идеални за семеен одмор или летување со друштво Ако досега никогаш не сте летувале во камп, ви препорачуваме 5 кампа кои се наоѓ...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg