Селски туризам и гастрономско уживање во Србија - позната дестинација, ново искуство

Одморот во селата во Србија станува се почест избор на туриститe како начин на престој во помалку познатите краишта, далеку од градската врева, во природна средина, на чист воздух, а во близина на националните паркови, паркови на природата, реки, езера и интересни туристички атракции и локалитети.

selski-turizam-i-gastronomsko-uzivanje-vo-srbija-poznata-destinacija-novo-iskustvo-01.jpgDjordje Petrovic - Selo Vrmdza /  Stefan Kondic -Trsic / Daska sa mesom - Ustupoljeno od RRA Zapadna Srbija

Целата разновидност на Србија видлива е во нејзините села.

selski-turizam-i-gastronomsko-uzivanje-vo-srbija-poznata-destinacija-novo-iskustvo-02.jpgDjordje Petrovic - Selo Vrmdza

Во Војводина преовладуваат салашите, сместени во питомите рамнини и опкружени со плодни ниви, полиња со пченица, сончоглед и пченка. Тие се познати по исклучителната гастрономија, обилната трпеза и надалеку познатите вина. На повеќето салаши ќе имате можност да јавате, како и да се запознаете со старите занаети.

selski-turizam-i-gastronomsko-uzivanje-vo-srbija-poznata-destinacija-novo-iskustvo-03.jpgAca Milutinovic - Cvejin Salas Begec

Во селата на Шумадија и Поморавље ќе се запознаете со сите привлечности на бавниот и зелен туризам. На имотите опкружени со шуми, овоштарници и лозја, ќе сретнете стари раси на домашни животни, ќе уживате во домашните специјалитети, одличното вино и ракија, што на овие простори се нарекува и шумадиски чај.  

selski-turizam-i-gastronomsko-uzivanje-vo-srbija-poznata-destinacija-novo-iskustvo-08.jpgDragan Bosnic - Prolom selo

На планините на Западна Србија ќе се одмарате во топлите брвнари и вајати, додека живописните села кои се наоѓаат на планинските падини даваат можност за пешачење, скијање и планинарењe. Ќе уживате во мирисите на планински билки и зимзелените шуми, но и во вкусовите на домашната храна.

selski-turizam-i-gastronomsko-uzivanje-vo-srbija-poznata-destinacija-novo-iskustvo-04.jpegVladimir Zivanovic - Kucica na Sopotnici

Селските домаќинства во Источна Србија се многу разновидни, а со својата убавина и гастрономска понуда се истакнуваат куќите од Стара Планина со чардаци. Селата во близина на Сокобања со својата природна убавина, мирот, чист воздух, ги привлекоа и туристите од новото време тнр. дигитални номади.

selski-turizam-i-gastronomsko-uzivanje-vo-srbija-poznata-destinacija-novo-iskustvo-06.jpgDragan Bosnic - Kremna Tomic

selski-turizam-i-gastronomsko-uzivanje-vo-srbija-poznata-destinacija-novo-iskustvo-05.jpgPredrag Despotovic - Sirogojno, Zlatibor

Некои од селските домаќинства претворени се и во вистински мали туристички комплекси со спортски-рекреативна содржина, базени и удобност што ги обезбедува сите придобивки од модерниот начин на живот.

Срдечните и гостопримливи домаќини, кои го примаат гостинот како пријател, ќе го направат Вашиот престој посебен.

selski-turizam-i-gastronomsko-uzivanje-vo-srbija-poznata-destinacija-novo-iskustvo-07.jpgDragan Bosnic - vetrenjaca Ravno Selo

Ова лето изберете одмор во селата во Србија!

Во земјата во која различните вкусови и традиции во подготвувањето на храната се комбинираат и негуваат со генерации, сигурно ќе најдете начин да ги задоволите своите сетила.

selski-turizam-i-gastronomsko-uzivanje-vo-srbija-poznata-destinacija-novo-iskustvo-09.jpgBranko Jovanovic - Hrana i pice

Храната во Србија не е само прашање на вкус, туку и на место, искуство и доживување. Српските кафеани, низ историјата биле центар на културниот, социјалниот и политичкиот живот и до денес останаа место за собирање на боеми, уметници и на сите што сакаат да го почувствуваат духот на Србија.

selski-turizam-i-gastronomsko-uzivanje-vo-srbija-poznata-destinacija-novo-iskustvo-14.jpgDragan Bosnic - Novopazarski cevapi sa ovcijim kiselim mlekom

По добрата храна, но и по музиката во живо, се препознава секоја српска кафеана заснована на традиција.

selski-turizam-i-gastronomsko-uzivanje-vo-srbija-poznata-destinacija-novo-iskustvo-10.JPGBranko Jovanovic - Rakija

Додека вината во Србија полека, но сигурно го трасираат патот кон успехот на светската винска сцена и освојуваат бројни меѓународни признанија, популарноста во Србија кај хедонистите од помладата и средната генерација се повеќе ја добиваат занаетчиските (крафт) пиварници, познати по тоа што експериментираат со вкусовите.

Меѓу поинтересните се оние со ѓумбир, чили, чоколада, ананас, со додавање на разни бибери, јафа бисквити, лимонска трева, морска сол и алги, нане, лута пиперка, кафе, суви сливи и цимет...

selski-turizam-i-gastronomsko-uzivanje-vo-srbija-poznata-destinacija-novo-iskustvo-11.jpgDragan Vildovic - Vino

Dragan Vildovic - Vino (2).jpgDragan Vildovic - Vino

Ова лето уживајте во вкусовите на Србија!

За повеќе информации посетете ја веб страната: www.serbia.travel 

selski-turizam-i-gastronomsko-uzivanje-vo-srbija-poznata-destinacija-novo-iskustvo-16.jpg

selski-turizam-i-gastronomsko-uzivanje-vo-srbija-poznata-destinacija-novo-iskustvo-17jpg.jpg

Би можело да ве интересира:

Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...
5 најбезбедни европски градови (совршени за жени кои патуваат сами) Иако Италија е романтична дестинација, сепак, е одлично место и за сам...
10 најубави плажи на Јонските Острови во Грција Љубителите на кристално чисто море во тиркизна нијанса нема да погрешат доколку ...
12 причини зошто Данска е совршена земја за живот Скандинавските земји пленат со својата архитектура, начинот на живот, храната ко...
Предлог зимска дестинација во Македонија: Нижеполе изгледа како снежна бајка Доколку сакате да се релаксирате, да уживате во топол чај со прекрасна глетка ил...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg