Напуштени градови ширум светот кои вреди да се посетат барем еднаш

Иако познатите туристички места се популарни со причина, напуштените градови и села кои не привлекуваат многу внимание имаат некој посебен шарм.

napushteni-gradovi-shirum-svetot-koi-vredi-da-gi-vidite-barem-ednash-01.jpg

На некој начин, тие ни овозможуваат да прошетаме низ минатото и од прва рака да сведочиме за животот на некогашните жители.

Овие места секогаш имаат и приказна која нема да ве остави рамнодушни, без разлика дали е трагична или со среќен крај.

Можеби уште не е време за патување, но ако сакате напуштени места, после пандемијата сигурно ќе сакате да ги видите овие „градови на духови“:

Плимут, Монсерат

Кога еруптирал вулканот Soufriere Hills на островот Монсерат во 1995-та, веднаш станало јасно дека градот Плимут е во опасност. Жителите биле евакуирани, но после неколку месеци можеле да се вратат во нивните домови. За жал, во 1997-ма вулканот еруптирал уште еднаш, па дури и одзел 19 човечки животи. Тогаш, сите 4.000 жители засекогаш го напуштиле градот.

Денес можете да го посетите Плимут, но бидејќи вулканот е уште активен, неретко посетите се одложуваат. Во овие случаи, туристите имаат можност да пловат со брод околу островот.

napushteni-gradovi-shirum-svetot-koi-vredi-da-gi-vidite-barem-ednash-02.jpg

napushteni-gradovi-shirum-svetot-koi-vredi-da-gi-vidite-barem-ednash-03.jpg

napushteni-gradovi-shirum-svetot-koi-vredi-da-gi-vidite-barem-ednash-04.jpg

Колманскоп, Намибија

Во минатото, Колманскоп бил навистина жив град. Во 1908-ма, во областа на градот бил пронајден дијамант, па за кратко тој станал навистина популарен. Но, штом се потрошиле дијамантите, бројот на жители почнал да се намалува, сè додека не останал празен.

Денес градот е проголтан од пустината и повеќето градби се полни со песок. Градот е достапен за туристи, но најверојатно ќе ви треба дозвола за да влезете во него.

napushteni-gradovi-shirum-svetot-koi-vredi-da-gi-vidite-barem-ednash-05.jpg

napushteni-gradovi-shirum-svetot-koi-vredi-da-gi-vidite-barem-ednash-06.jpg

napushteni-gradovi-shirum-svetot-koi-vredi-da-gi-vidite-barem-ednash-07.jpg

Боди, Калифорнија

Кон крајот на 1800-тите, Боди бил доста богат град, најмногу поради Златната треска.

Боди се претворил во град на духови во 1942-ра, откако била затворена и последната пошта во него. На почетокот на 1960-тите, Калифорнија го претворила градот во историски парк наменет за туристи.

napushteni-gradovi-shirum-svetot-koi-vredi-da-gi-vidite-barem-ednash-08.jpg

napushteni-gradovi-shirum-svetot-koi-vredi-da-gi-vidite-barem-ednash-09.jpg

napushteni-gradovi-shirum-svetot-koi-vredi-da-gi-vidite-barem-ednash-10.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg