Првите лежалки одвоени со плексиглас во Грција – Како ќе изгледа одморот на Санторини?

Стана јасно дека пандемијата многу ќе го промени патувањето. Всушност, веќе многу компании ги понудија нивните решенија за летување на дистанца, па имавме можност да видиме иглу за на плажа и разни дизајни на стаклени и пластични прегради.

prvite-lezhalki-odvoeni-so-pleksiglas-vo-grcija-kako-kje-izgleda-letuvanjeto-vo-santorini-01.jpg

Многумина ги интересира како изгледа летувањето во Грција, а изгледа дека некои од грчките плажи веќе почнале со подготовките.

Плажата Demilmar на Санторини е првата во Грција на која се поставени прегради од плексиглас помеѓу лежалките.

prvite-lezhalki-odvoeni-so-pleksiglas-vo-grcija-kako-kje-izgleda-letuvanjeto-vo-santorini-02.jpg

Сопственикот на плажата сакал да им овозможи на луѓето летово да одат на плажа, без да стравуваат за нивната безбедност.

„Мораме да најдеме решение да ги заштитиме луѓето ова лето. Не можеме само да чекаме препораки, мораме да делуваме сега“, изјавил сопственикот.

Тој вели дека покрај преградите, со секоја лежалка ќе има и антисептик, а сите вработени на плажата ќе носат маски и ракавици.

Иако не се знае до кога нема да бидеме во можност да патуваме, некои држави, како Грција, веќе се обидуваат да најдат решение и да го подобрат туризмот во овие тешки периоди.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 најубави плажи во Европа за 2024 – пет се во Грција, една во Албанија Златни, песочни плажи на Канарските острови, диви плажи во Грција, широки плажи ...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
Фотки поради кои ќе посакате веднаш да отпатувате во Швајцарија Зеленило, планини и селца кои изгледаат како од некоја бајка – Швајцарија дефини...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg