Шпрепарк – напуштен забавен парк во Берлин со ролеркостери и диносауруси во природна големина

Берлин е преполн со напуштени објекти. Од болници, хотели, казина, па сè до фабрики, станбени згради и забавни паркови. 

shprepark napusten zabaven park vo berlin so rolerkosteri i donosaurusi vo prirodna golemina 2

Шпрепарк, стациониран во југоисточен Берлин е таков објект, кој е напуштен речиси 20 години. Секој дел од овој забавен парк е исполнет со остатоци од ролеркостери, различни атракции и диносауруси во природна големина.

За првпат овој забавен парк бил отворен во 1969 година од комунистичката влада на Источна Германија и опстојувал до падот на Берлинскиот ѕид, а во 1991 година паркот повторно бил отворен и преименуван во Шпрепарк.

Сопственикот на паркот се впуштил во шверцување на кокаин, па делумно поради неговите криминалистички активности и намалена посетеност, Шпрепарк бил затворен за јавноста во 2002 година.

shprepark napusten zabaven park vo berlin so rolerkosteri i donosaurusi vo prirodna golemina 4

Со текот на времето, природата го презела целиот парк и на тој начин постои до денес. Многу од атракциите биле уништени во пожарот кој избувнал во 2014 година и од тогаш Град Берлин го презел паркот, поставувајќи обезбедување и кучиња да го чуваат.

Во наредниот период ова место се очекува да се претвори во еден вид на културен и уметнички центар.

shprepark napusten zabaven park vo berlin so rolerkosteri i donosaurusi vo prirodna golemina 6

До неодамна, влегување во овој напуштен парк претставуваше голем предизвик, знаејќи дека постојано има обезбедување и самиот парк е ограден со висока ограда.

Оние кои веќе го имаат посетено, велат дека преку ден полесно можело да се влезе во паркот и тоа преку дупките кои биле ископани под оградите или со едноставно прекачување на оградата.

Како и да е, во паркот постојано ве демнат очи на обезбедување, па поради тоа мора да се движите тивко и ширум да ги отворите очите.

shprepark napusten zabaven park vo berlin so rolerkosteri i donosaurusi vo prirodna golemina 5

Во секој случај, посета на Шпрепарк ќе ги задоволи оние кои сакаат адреналински активности. И ќе имаат можност да се прошетаат покрај ролеркостери обраснати со растенија, бротчиња во вид на лебеди, кои гнијат во мочуриште и изгледаат луто, како и исполегнати диносауруси, кои отсликуваат едно заборавено време.

shprepark napusten zabaven park vo berlin so rolerkosteri i donosaurusi vo prirodna golemina 8

shprepark napusten zabaven park vo berlin so rolerkosteri i donosaurusi vo prirodna golemina 8

shprepark napusten zabaven park vo berlin so rolerkosteri i donosaurusi vo prirodna golemina 8

Автор: Х. Е. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Обичаи при посета на манастирот Острог во Црна Гора - што треба да понесете и како да се однесувате? Во манастирот не се доаѓа со голи раце и нозе. Верниците ги оставаат своите личн...
Паролдо: Вошебно италијанско село во кое се верува дека живеат вештерки (фото) Паролдо има околу 230 жители, а постојат легенди дека во волшебното село живееле...
Фотки поради кои ќе посакате веднаш да отпатувате во Швајцарија Зеленило, планини и селца кои изгледаат како од некоја бајка – Швајцарија дефини...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Скриено парче рај во Хрватска – остров без автомобили, со бујна природа (фото) Автомобилите се забранети, а природата е недопрена - како изгледа ова мало парче...
Предлози за викенд во Солун: Музеј на селфи, лизгалиште и забавен парк за целото семејство Топло време, чист воздух, новогодишно декориран: Солун во предновогодишна атмосф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg