Место во Норвешка е вистинска поларна бајка - шарени селца, санки влечени од кучиња (фото)
Далеку над Арктичкиот Круг, каде Атлантскиот океан се среќава со Арктичкиот океан, или ако треба да бидам попрецизнен во северна Норвешка се наоѓа едно место наречено Нордкап. И да - тоа е вистинска поларна бајка, токму како што замислувате.
Во денешно време лесно е да се стигне до Нордкап. Токму поради тоа во лето преку 200.000 посетители решаваат да го истражат ова идилично место на планетата Земја.
Карпите кои се наоѓаат таму се 307 метри над морското ниво, што на посетителите им дава еден панорамски поглед и можност тивко да мируваат во себеси.
Самото место и пред сè околината е преполна со тајни.
Добро се сеќавам дека една пријателка ми има кажувано дека за време на престојот во Нордкап, среќавала корморани, со чамче оделе да ловат риби и ракови, а потоа во вечерните часови ги јаделе заедно со пријателите и локалците.
Оние кои сакаат да пешачат, ќе откријат уште поинтересни места. Најпредизвикувачко е пешачењето до Knivskjellodden, најсеверната точка на Magerøya, каде може со сопствени очи да го видите платото на Нордкап и тоа од една поразлична перспектива.
Посетата на Нордкап не може да помине без стапнување во колоритното рибарско село Skarsvåg, кое истовремено е и најсеверно рибарско селце.
Доволно е да сте опкружени со чистата убавина и да заборавите на сите грижи кои ви го оптоваруваат умот.
Зимскиот период крие бројни активности, од возење на мотоцикл за снег и санка влечена од кучиња, до фаќање на риби во мраз и до барање на Северната светлина на бескрајното небо.
Слични работи се доживуваат со сопствените сетила и се раскажуваат гласно.
Ако некогаш имате можност, отпатувајте во Нордкап. Само тогаш може да засведочите за каква убавина станува збор.
Е. Х. | Црнобело