3 интересни места што треба да се посетат во Македонија
Кога ќе помислам колку интересни места постојат во Македонија, не можам да бидам рамнодушен сè додека не ги посетам.
Во последно време, покрај сите работни обврски, успевав да најдам барем еден слободен ден и да излезам од метежот на градот.
Уште пред да стигнам до крајната цел, знаев дека самиот исчекор на менување на локација добро ќе влијае врз мене.
Во продолжение следува листа на три места кои слободно можете да ги вметнете во вашата агенда за патување:
Во близина на Делчево, поточно во областа Пијанец се наоѓа селото Град, кое поради плодното земјиште и водните ресурси било населено уште пред илјадници години.
Барем таква информација добив од човекот на кој налетав по пристигнување во селото. Освен тоа, на оваа локација се крие и археолошко наоѓалиште, за сите познато како „Градиште“.
На самото место ископана е енолитска куќа, стара дури 5.500 години, тава со грчки монети, како и монети од римскиот и рановизантискиот период. Она што е најтазе откриено е метална фигура на женско божество со жртвеник.
Навистина има што да се види во селото Град, а оние кои сакаат да слушнат повеќе за местото, слободно обратете се на мештаните.
Уште едно место кои ми мами пријатни спомени е посетата на Копришки водопад.
Недалеку од Демир Капија, во близина на селото Дрен го паркиравме автомобилот и пеш се упативме спрема селото Копришница. Пет километри одење има до таму, а уште неколку до водопадот.
Може да се стигне преку две различни патеки, важно е дека и двете се обележани. Самиот летопис на водопадот потсетува на некоја сцена од епска фантастика и со сигурност може да кажам дека Копришки водопад е уште една скриена убавина во Македонија.
За оние кои сакаат да посетата напуштени села и да истражат малку повеќе во врска со ова, им го препорачувам селото Пенуш, во близина на Штип.
Селото повеќе од 60 години е напуштено, а на времето било доминантно турско население и тоа уште во 15 век. Ова е типично сточарско село, кое денеска остава носталгичен простор за она што некогаш постоело тука.
Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело