Пробајте да најдете директен лет и уште 6 совети за намалување на загадувањето за време на патување

Ако водата е исправна, немојте да купувате флаширана, туку пијте од чешма. Кога, пак, одите во маркет, не ја заборавајте торбата за пазарење за да не мора да купувате кеси.

probajte-da-najdete-direkten-let-i-ushte-6-soveti-za-namaluvanje-na-zagaduvanjeto-za-vreme-na-patuvanje-01.jpg

Веќе стигнавме до точка каде што не можеме да чекаме Земјата самата да се „поправи“. Сега, повеќе од кога било, потребно е ние да преземеме нешто.

Доколку сакате да направите промена, можете да ја заштитите околината дури и кога одите на патување. Многу често забораваме дека и нашите патувања можат да предизвикаат штета ако сме несовесни.

Па, доколку сакате да го направите патување еколошко, следете ги следниве совети:

Најдете директен лет

И авионите испуштаат гасови штетни за околината. Токму затоа, бројни славни личности се мета на критики бидејќи летаат со приватни авиони, наместо со комерцијални.

Единственото нешто што вие можете да го направите во врска со штетнта емисија од авионите е да пробате да најдете директен лет до вашата дестинација.

Причина е тоа што за време на полетувањето и слетувањето се емитуваат најмногу штетни гасови. Секако, тоа не зависи само од вашиот еден лет, но од некаде мора да се почне. 

kako-da-go-napravite-vashiot-odmor-ekoloshki-02.jpg

Изнајмете електрично возило

Кога изнајмувате возило, прашајте дали компанијата нуди хибридни или електрични возила.

Тие се многу побезбедни за нашата околина, а можеби и ќе ве инспирираат да го замените вашиот автомобил со електричен.

kako-da-go-napravite-vashiot-odmor-ekoloshki-03.jpg

Возете велосипед

Кога можете, заменете ги возењето со јавен превоз и такси со пешачење, електричен тротинет или велосипед. Ова не само што е поеколошка опција, туку е многу поевтино и поздраво за вас.

kako-da-go-napravite-vashiot-odmor-ekoloshki-02.jpg

Изнајмете стан/вила наместо хотелска соба

Подобро е да се сместите во некоја вила отколку во хотел бидејќи тогаш вие ќе го контролирате рециклирањето, оброците и нештата што ги консумирате.

Уште подобро е ако самите готвите и ако набавувате свежи и локални намирници.

Секогаш исклучувајте ги светилките што не ви требаат, а пред излегување подобро е да ги отворите прозорците, наместо да ја оставате климата вклучена.

kako-da-go-napravite-vashiot-odmor-ekoloshki-04.jpg

Купувајте локална храна

Локалната храна секогаш нека ви биде приоритет бидејќи не само што ја поддржува локалната економија, туку е и подобра за околината.

Истовремено, целото патување ќе ви биде подобро искуство кога ќе ја вклучите и локалната храна во него.

Кога, пак, купувате нешто, понесете си торба за пазарење.

kako-da-go-napravite-vashiot-odmor-ekoloshki-03.jpg

Пијте вода од чешма

Доколку водата од шема е добра за пиење, избегнувајте да купувате флаширана. Исто така, подобро е да се туширате наместо да правите купка во када и да потрошите многу повеќе вода.

kako-da-go-napravite-vashiot-odmor-ekoloshki-05.jpg

Почитувајте го опкружувањето

Држете се до патеките за пешаци, не ја уништувајте вегетацијата и собирајте го вашето ѓубре, без разлика дали сте на плажа, во планина или во некој град. 

kako-da-go-napravite-vashiot-odmor-ekoloshki-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Греено вино и совршена елка за Инстаграм фотки - Зошто божиќниот маркет во Будимпешта е меѓу омилени... Не можете да не ја сакате Будимпешта во декември. Ова е време кога опива мирисот...
Фотки поради кои ќе посакате веднаш да отпатувате во Швајцарија Зеленило, планини и селца кои изгледаат како од некоја бајка – Швајцарија дефини...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg