Паролдо: Вошебно италијанско село во кое се верува дека живеат вештерки (фото)

Паролдо има околу 230 жители, а постојат легенди дека во волшебното село живееле и добри вештерки кои им помагале на луѓето...

paroldo-voshebno-italijansko-selo-vo-koe-se-veruva-deka-zhiveat-veshterki-01.jpg

Пиемонт е познат по своите вина, бели тартуфи и прекрасен замок, но во овој идиличен дел од Италија постојат многу повеќе убавини отколку што мислите.

Околу 80 километри југоисточно од Торино, се наоѓа релативно непознато село со минато, сегашност и иднина полна со магија – Пароло. Во село живеат само околу 230 жители.

Паролдо е лавиринт на средновековни улици, напуштени камени куќи и цркви, но најфасцинантната работа во ова мало село е што е дом на жени за кои се верува дека имаат лековити моќи.

Овие жени се нарекуваат Маше и наводно имаат способност да лекуваат болести, а поради ова некои веруваат дека се и вештерки.

Умешноста на нивните кулинарски способности е поврзана и зајакната со нивната магија за лекување на сите видови кожни болести.

Се верува дека моќта на лекувањето на кожни болести, од херпес до псоријаза, се пренесува преку генерации, од женската страна. Значи, пред да умре најстарата Маше, таа мора да го пренесе своето знаење на внуката или ќерката.

Едно од најпознатите јадења од оваа област е крем супа, Bagna càuda, од бел лук, маслиново масло и риба.

И додека легендата кажува дека вештерките се плашат од лук, ова растение е, всушност, најважната состојка во храната што ја подготвуваат.

Според рецептот на старите домаќинки, денешните специјалитети привлекуваат многу внимание, а најпознатите јадења се Ravioli del Plin - тестенини полнети со месо, спанаќ и сирење, како Vitello Tonnato - телешко месо со сос од туна и рузмарин.

Традицијата на Маше вештерките е сè уште позната денес. Тие се сметаат за добри вештерки кои им помагаат на луѓето.

Paroldo volsebno italijansko selo koe vesterkite go narekuvaat dom 03

Многу стари и напуштени куќи во селото се нарекуваат куќи на вештерки, додека бројот на местата во шумите и полињата, каде наводно се собирале вештерките, е непознат.

Последната Маше вештерка која живеела во Паролдо, починала во 1930 година, а оттогаш наводно не постојат овие добри вештерки, иако жителите на селото тврдат дека тие никогаш не заминале.

Повеќе фотки од волшебното село:

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Фотки поради кои ќе посакате веднаш да отпатувате во Швајцарија Зеленило, планини и селца кои изгледаат како од некоја бајка – Швајцарија дефини...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...
5 најбезбедни европски градови (совршени за жени кои патуваат сами) Иако Италија е романтична дестинација, сепак, е одлично место и за сам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg