Инстаграм разгледници на парот кој заштедил 30.000 долари за да посети 33 земји во 10 месеци

Од Хрватска до Мароко, дечко и девојка продале сè и заштедиле 30.000 долари за да си го финансираат патувањето на кое посетиле 33 земји во 10 месеци.

instagram-razglednici-najubavite-fotki-na-parot-koj-zashtedil-30-000-dolari-za-da-poseti-33-zemji-vo-10-meseci-01.jpg

Николас Лерино и Лаура Кристиано се совршен пар од Аргентина, кои одлучиле да продадат и да се откажат од сè за да патуваат низ светот, а на нивните фотки сите им завидуваат.

Тие ги спакувале своите куфери и тргнале на најдоброто патување во животот, што вклучува авантура низ 33 земји во 10 месеци, без никакви грижи.

Со цел да избегаат од секојдневната рутина и работата од 8-16 часот, тие се договориле секој од нив да заштети по 15.000 долари и да го започнат нивното бегство.

Франција, Италија, Словенија, Хрватска, Романија, Унгарија, Бугарија, Турција, Грција, Египет, Израел, Јордан, Малдиви, Шри Ланка, Индија, Јапонија, Филипини, Индонезија, Сингапур, Малезија, Тајланд, Виетнам, Мијанмар, ОАЕ, Мароко и Шпанија се дел од дестинациите кои се нашле на нивната листа.

Лаура била специјалист за човечки ресурси и танчарка, а Николас, кој претходно работел како адвокат за ова патување вели: „Ги обожававме сите земји кои ги посетивме, но ги издвојувам Египет заради историјата, Мијанмар заради луѓето и Малдивите заради неверојатните плажи, а најубавото нешто што го видовме е изгрејсонцето во Кападокија.“

Николас и Лаура прават неверојатни фотки на прекрасни локации низ светот,  а Инстаграм профилот @vida.de.viajes им е како разгледница.

Погледнете дел од најубавите фотки на 28-годишните Лаура и Николас кои знаат како да уживаат во животот:

View this post on Instagram

A post shared by 👫 Nico & Lau ✈ (@vida.de.viajes)

https://www.instagram.com/p/BqVJWNJFrkt/

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
Фотки поради кои ќе посакате веднаш да отпатувате во Швајцарија Зеленило, планини и селца кои изгледаат како од некоја бајка – Швајцарија дефини...
12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg