Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Совршени земји за непушачи

sovrseni-zemji-za-nepusaci-povekjeПатниците кои се по потрага по дестинации каде не се пушим не мора да се грижат бидејќи покрај нашата има и други земји кои се борат против тутунските производи.

 

А, и на страствените пушачи оваа информација ќе им биде од корист.

sovrseni-zemji-za-nepusaci

1. Исланд. Исландските кафулиња, ресторани и пабови се идеален избор за патниците непушачи бидејќи пушењето е забрането во сите јавни простори. Според нивниот закон не смеете да пушите ниту онаму каде има деца.

2. Ирска. Ирска е една од водечките земји кога се во прашање анти пушачките реклами. Ова е првата земја на светот каде во сила стапи апсолутната забрана за пушење во затворени работни простории. Забраната се однесува и на сите клубови, барови, ресторани и пабови.

3. Австралија. Пушењето во затворени јавни простории е забрането во целата земја. За шумските пожари најчесто се виновни отпушоците, па затоа властите жестоко се борат против пушењето.

4. Канада. Канада е веќе неколку години smoke-free зона. Патниците кои не поднесуваат зачадени простории можат слободно да ги истражуваат локалните барови и ресторани. Во некои продавници цигарите се држат скриени од очите на купувачите.

5. Норвешка. Во оваа земја забрането е пушењето во сите барови, ресторани и клубови уште од 2004-та година. Веројатно и затоа бројот на пушачи во Норвешка е значително намален во последните години. Но, меѓу младата популација е актуелен тутунот во прав – снус, кој се консумира со џвакање.

Би можело да ве интересира:

Паролдо: Вошебно италијанско село во кое се верува дека живеат вештерки (фото) Паролдо има околу 230 жители, а постојат легенди дека во волшебното село живееле...
Палати од мраз, огромни скулптури од снег: Зимски фестивал во Кина е како новогодишна бајка (фото+ви... На фестивалот за скулптури од мраз и снег во Кина можете да видите огромни снешк...
5 кампови во областа Пиериа, најчесто посетувани од Македонците Во кампот Esperides, многу Македонци имаат приколки кои се поставени таму со год...
Есенски патувања за 11 Октомври кои ги нудат македонските агенции (со автобуски превоз) Цените на овие тури се движат од 100 евра до околу 330 евра, во зависност од бро...
Топ 10 плажи во Италија за оние кои сакаат филмски одмор Плажа помеѓу карпи, во шармантни италијански градови или под брдести селца со гр...
Празничната магија во Стразбур и еден од најстарите новогодишни базари, низ објективот на инстаграмџ... Не залудно Стразбур е нарекуван „престолнината на Божиќ“ – овде ќе го видите нај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg