Куфер vs. рачен багаж: Трикови за полесно пакување при патување со авион
Чанти
- Во ранецот може да ставите неопходни работи и да го носите како рачен багаж. Тој ќе ви послужи и за на плажа и да шетање низ град.
- Малата чанта, која лесно може да ви повлечат од рамо и украдат, оставете ја дома.
Облека и чевли
- Овие работи зафаќаат најмногу место во багажот. Од чевли доволно ви се патики и сандали, а од облека лесни кошули, маички, шорцеви и здолништа.
- Оставете дома сè што одзема премногу простор и што треба да се пегла.
- Пробајте да ги направите како ролни работите за да ви зафаќаат помалку место.
Накит
- Накитот ставете го во куферот. Доволно ви е некое синџирче за на вратот и некоја летна алка.
- Оставете го дома скапиот накит, нема потреба да ризикувате.
Мали корисни работи
- Перница на дување за спиење и слушалки за музика се задолжителна опрема за во авион.
- Оставете дома сè што е волуменозно и не сте сигурни дали ќе ви биде потребно.
Совет плус:
Просечната големина на рачен багаж е 55 × 40 × 20 со тежина од 5 до 10 килограми, во зависност од компанијата.
Во него ставете ги гаџетите, грицките, лекарствата, течностите во пакувања кои не надминуваат 100 милилитри.
Прочитајте уште 12 одлични трикови за лесно пакување!
С. С. | Црнобело