7 непријатни ситуации на плажа, што на сите им одат на нерви
Плажата сите нè асоцира на мир, релаксација и одмор, но што се случува кога ќе се соочите со луѓе и настани кои ќе ви го уништат целокупното искуство?
Кога најмногу ви е потребен одмор и релаксација како за инает ќе се најде некој кој ќе успее да ве изнервира.
7 непријатни ситуации кои на сите ни се имаат случено барем еднаш во животот:
Кога непознати луѓе ќе се постават веднаш до вас, иако цела плажа е празна
Дефинитивно ова е една од ситуациите кои може да ви го уништи моментот на релаксација. Иако се обидувате да избегате од луѓе и да се одморите, често се случува некој да се „залепи“ до вас, а за да стане ситуацијата полоша, може и да започне да ве прашува кои сте и од каде сте и да си бара друштво.
Кога луѓето до вас ќе пуштат гласна музика
Уште една непријатна ситуација е гласната музика на плажа. Иако плажите се вообичаено полни со луѓе, сепак доколку сакате да се одморите не ви е потребно некој да ви пушти турбо фолк на цел глас и да ве натера да слушате музика која вообичаено не би ја слушале никогаш.
Кога госпоѓата до вас ќе ви ја истресе крпата во лице
Сите обично ја тресеме крпата или лежалката пред заминување од плажа, но исто така повеќето од нас се трудат тоа да го направат без да го наполнат соседот со песок во лице.
Кога мали деца си играат со топка во ваша близина
Доколку сакате да уживате без присуство на мали деца кои плачат од милион причини подобро е да не одите воопшто на плажа. Но доколку тоа не е опција, побарајте некое место каде нема многу мали деца околу вас.
Не е пријатно да немате раат и да се фокусирате на тоа дали топката ќе ве погоди во глава и ќе се растрчаат накај вас додека одмарате.
Кога ќе ги изводените нозете и не можете да го исчистите песокот
За овој проблем нема никакво решение освен да ја избегнувате плажата. Иако можеби не е крај на светот, досадниот песок кој се лепи на вашите водени нозе може навистина да ви смета. Особено кога планирате да си заминете.
Кога сонцето ќе ви даде неверојатна боја - жар црвена
Можеби 90 проценти од светската популација заборава да нанесе крем за сончање пред да излезе на плажа. Повеќето од нас тоа го правиме кога веќе ќе стигнеме на плажа.
И се разбира на никој од нас не му текнува дека по одредено време треба повторно да нанесеме од тој досаден крем за сончање. Па така на крај ќе завршиме со изгореници кои ќе ни го уништат одморот барем на неколку дена.
Кога ќе си најдете „потсетување“ од плажата денови по одморот
Иако одморот веќе завршил некако ќе успеете да си најдете зрна песок насекаде. Низ вашиот куфер, чанта, автомобил... Песокот знае да биде навистина досадна работа и дефинитивно ќе мора да направите темелно чистење веднаш по враќањето назад.
К. Д. | Црнобело