Трикови за пакување од Инстаграм блогерка која заработува од патување

Ели Булен заработува промовирајќи ги своите патувања низ светот на Инстаграм и има одлични трикови за олеснување на пакувањето.

blogerka-spodeluva-trikovi-kako-da-se-spakuvate-za-na-odmor-bez-glavobolki-01.jpg

Сезоната на летни одмори се приближува, а со тоа и стресното пакување кога постојано заборавате нешто и во куферот никогаш немате доволно место.

Ели Булен има 25 години, патува низ светот и нејзините авантури на Инстаграм ги следат 680.000 луѓе. Бидејќи постојано е на пат, постојано се пакува и живее т.н. живот во куфери, таа е совршената личност која може да открие некој трик како да си ја олесните процедурата на пакување.

View this post on Instagram

A post shared by ELLIE WATSON (@elliewatson)

Совети за пакување од Ели Булен:

1. Купете си мали шишенца кои за секое патување ќе можете да ги полните со вашата омилена козметика. Без разлика дали станува за шампон или лосион за тело, повеќе нема да мора да носите огромни пакувања.

blogerka-spodeluva-trikovi-kako-da-se-spakuvate-za-na-odmor-bez-glavobolki-02.jpg

2. Испланирајте си ги аутфитите за да не носите непотребно дополнителни парчиња облека.  Исто така, носете парчиња кои можете да ги носите во различни комбинации. Најдобро е да се во неутрални бои.

blogerka-spodeluva-trikovi-kako-da-se-spakuvate-za-na-odmor-bez-glavobolki-03.jpg

3. Проверете ја временската прогноза за местото каде патувате за да не мора да носите резервни чевли за дожд или пак чадор, ако нема најава за дожд.

blogerka-spodeluva-trikovi-kako-da-se-spakuvate-za-na-odmor-bez-glavobolki-04.jpg

4. Во различни купчиња ставете ги фармерките, шорцевите, кошулите, маичките за кога ќе извлекувате нешто од куферот на брзина да можете лесно да го пронајдете.

blogerka-spodeluva-trikovi-kako-da-se-spakuvate-za-na-odmor-bez-glavobolki-05.jpg

5. Ако пакувате шешир најдобро е да го наполните со облека за да не му се упропасти формата во куферот.

blogerka-spodeluva-trikovi-kako-da-se-spakuvate-za-na-odmor-bez-glavobolki-07.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg