7 најубави градови на француска ривиера кои вреди да ги посетите
Франција има многу што да понуди посебно во југоисточниот дел, каде се наоѓаат прекрасни места.
Француската ривиера нуди гратчиња со посебен шарм, плажи, вода, но и луксуз.
Летниот период во овој дел најчесто е преполн со луѓе, а Азурниот брег е подеднакво популарен и помеѓу светски познатите личности.
Па доколку некогаш имате можност, не пропуштајте да посетите некои од следниве места:
Кан
Иако е познат по гламурот кој го носи Канскиот филмски фестивал, не може да се изостават 100-те години историја.
Во 19-ти век, од мирно рибарско место, Кан станува град во кој богаташите си градат луксузни вили, а прекрасната плажа La Croisette веројатно омилена на сите посетители.
Ментон
Сместен на популарна локација помеѓу Монако и границата со Италија, шармантниот град нуди атрактивни градини, одлична клима, мноштво ресторани, како и уметнички занимливости.
Ница
Овој прекрасен и популарен град исто така се наоѓа недалеку од италијанската граница, а е создаден од Грците уште во 4-ти век.
Тој важел за инспирација на многу големи уметнички имиња, а се дели на два дела – стар и нов.
Стариот дел е карактеристичен по тесните улички и високи, шармантни, камени куќи, а новиот пак, сместен покрај брег, со модерни, широки авении, палми, ресторани, барови и хотели.
Вилфранш сур Мер
Основан на почетокот на 14-ти век, Вилфранш е познат по пристаништето и стариот град, а заради природната убавина овде се снимени многу познати филмови.
Нуди песочни плажи совршени за одмор, а карактеристичен е по тесните средновековни улички, како и по фестивалот на цвеќето.
Антиб
Сместен помеѓу Кан и Ница, Антиб важи за многу популарно и луксузно туристичко место, во кое владеело семејството Грималди, а во нивниот замок денес се чуваат познати дела на Пабло Пикасо.
Марсеј
Вториот по ред најголем град во Франција не е класичен туристички град со оглед на тоа што е голем и распространет.
Сепак, со помош на метро лесно се стига од крај до крај и да уживате во прекрасни плажи и заливи, живописни плоштади, како и неверојатно добри морски специјалитети.
Сен Тропе
Некогашното рибарско селце се трансформираше во место кое стана синоним за луксуз и ексклузивност, чии пристаништа се исполнети со модерни јахти, а забавите кои се приредуваат се незаборавни и не смее да се пропуштат.
М. М. | Црнобело