Трикови кои ќе ви го олеснат патувањето ако се сместувате во хотели
Искористете го телевизорот да го наполните телефонот
Најголем кошмар на патувањето може да ви биде заборавениот полнач за мобилниот телефон. Доколку го имате во вас само кабелчето, обидете се да го поврзете во телевизорот, бидејќи веројатно би имало USB порта.
Заштитете ја четката за заби од бактерии со штипка за облека
Ако мислите дека околината не е доволно чиста или пак, сте го заборавиле кутивчето за четката, а не сакате да ви собира нечистотија, закачете чиста штипка за облека на неа.
Покријте ја храната со капа за туширање
Повеќето хотели имаат козметички сет во кој е вклучена и капа за туширање, па освен за да ја заштити косата од мокрење, таа може да ви помогне и да ја зачува свежината на храната која вообичаено би ја оставиле отворена и непокриена.
Барајте wi-fi лозинки на Foursquare
Ако немате пристап до одредена wi-fi мрежа, пребарајте на Foursquare или слични социјални мрежи. Веројатно некој веќе ја споделил лозинката.
Направете си пилинг со шеќер
Дамите кои се грижат за својата кожа но немаат можност да ја понесат со себе цела козметика, можат да си направат пилинг со шеќер и топла вода.
Подгответе зеленчук во кафемат
Доколку случајно вашата соба има напреден кафемат, а ви се смачи од сувата храна, купете зеленчук и подгответе го во апаратот.
Искористете мокар пешкир како клима уред
Сместувањето во хотелите без клима уред во топлите денови е вистинска тортура.
Ако имате барем прозорец, отворете го, земете мокар пешкир и ставете го на површината на долниот дел на прозорот. Водата ќе испари и ќе го олади воздухот во собата.
М. М. | Црнобело