Трикови кои ќе ви го олеснат патувањето ако се сместувате во хотели
Сите уживаме во патувањата, но факт е дека понекогаш може да се соочите со непријатни ситуации, посебно при сместувањето.
Кога имате испланиран буџет, а се сместувате во хотел, секако дека не може да имате голем луксуз со 5 ѕвезди.
Но, како и за сè останато, така и за ова постојат трикови кои во различни ситуации ќе ви го олеснат патувањето.
Евтини идеи кои ќе ви помогнат да патувате без проблеми и без да се грижите за удобноста:
Сварете јајца во електричен бокал
Ако појадокот во хотелот или во рестораните ви се чини многу скап, а во собата немате кујна, постои друг начин.
Во повеќето хотелски соби има барем електричен бокал па можете да купите јајца и во него да ги варите.
Направете тост со помош на пегла
Доколку сте од оние кои имаат навика секогаш со себе да носат мала пегла за облека, треба само да купите уште алуминиумска фолија, леб и кашкавал.
Направете сендвич и смотајте го во фолија, а потоа со пегла држете од двете страни околу 30 секунди.
Затворете ги завесите со закачалки
Ако ви е проблем да спиете кога продира светлина низ тенката завеса, или сакате повеќе интимност, затворете ги драперите со штипките од закачалките, или со штипка за коса.
Направете звучник со шолја за кафе
Ако сте од оние луѓе кои уживаат да слушаат своја музика додека се подготвуваат или одмараат, а немате звучник, керамичка чаша ќе ви помогне во тоа.
Ставете го телефонот во неа и звукот ќе стане подлабок и погласен.
Испеглајте ја облеката во бањата
Доколку сепак не носите пегла за облека, а имате истуткани парчиња, закачете ја облеката на закачалка во бањата пред да се избањате со топла вода – пареата подоцна сама ќе си ја заврши работата.
Перете ја облеката во мијалникот
Пералните не се воопшто евтини, па ако сакате да заштедите, понесете си само детергент за перење и искористете го мијалникот како корито.
Сопрете ја водата со голема паричка или пластично ќесе, наполнете го и почнете со рачно перење.
Отстранете ја шминката со регенератор за коса
Дами, ако ви снемало средство за бришење шминка и немате ништо друго при рака, проверете дали во бањата има хотелски сет кој вклучува регенератор за коса.
Ќе ви ја отстрани шминката инстантно, а потоа исплакнете со вода. Секако, ако имате чувствителна кожа, не експериментирајте.