Ротенбург во Германија, Преко во Хрватска - најубавите „скриени“ бисери во Европа за одмор во пролет
Европа нуди неверојатни локации и места за одмор. Добро познати ни се Лондон, Амстердам, Париз, Рим. Но, покрај овие општо популарни и познати градови, „старата дама“ нуди и многу „скриени“ богатства кои нудат одлична можност за запознавање нова култура.
Доколку сте подготвени за малку поинакви авантури кои отскокнуваат од познатиот шаблон на најчесто посетувани европски локации, спакувајте ги куферите и упатете се кон:
Самос, Грција
Самос е грчки остров обвиен со легенда и убавина. Островот на таткото на математиката, Питагора, астрономот Аристарх и филозофот Епикур е важен центар за трговија во Егејското Море.
Самос е место со бујна вегетација. Целокупниот пејзаж е исткаен со боја и светлина. Секој нов чекор ќе ви биде откровение, секој миг – уживање.
Чивита ди Бањореџо, Италија
Овој шармантен средновековен град е речиси целосно недопрени од периодот на ренесансата. Многумина во нарекуваат „градот на умирање“ поради малиот број на жители и фактот што градот страда од постојаната ерозија на вулканската карпа во долината.
Сепак, за време на пролетниот и летниот период Чивита не си го оправдува прекарот, бидејќи има прилично многу туристи.
Долгиот мост е особено интересна атракција и претставува предизвик за искачување.
Ротенбург, Германија
Уникатната атмосфера во Ротенбург може најдобро да се доживее кога ќе прошетате низ улиците на градот, каде што ќе откриете докази и сведоштва од минатото скоро на секој агол.
Прекрасна архитектура од средниот век, мали плоштади, фонтани ќе ве пречекаат на патот кон откривање на илјадогодишната историја што ќе ви прелета пред очите во еден миг.
Преко, Хрватска
Преко е административниот центар на островот Угљан, кој се наоѓа спроти Задар. Со типична далматинска архитектура и бројни семејни летни куќи, најдобриот начин да се почувствува медитеранската атмосфера е да прошетате по кејот или да се напиете од омилен пијалак на една од терасите со поглед на Задарскиот канал.
Бохињ, Словенија
Уникатен, шармантен, прекрасно мистериозен регион во Словенија, Алпите и Европа. Бохињ се наоѓа во срцето на Јулијанските Алпи.
Најпрепознатливата и зачудувачка природна локација е секако истоименото езеро, кое воедно е и најголемото во Словенија. Дури 24 села околу долината ги кријат атрактивните богатства од минатото, сегашноста и мистеријата која ја носи иднината.
Ментон, Франција
На границата помеѓу Италија и Монако, Ментон е најисточниот француски град на Азурниот брег. Опкружен од една страна со високи планини и вгнезден во срцето на залив од другата страна, градот е целосно отворен кон Медитеранот и на „чекор“ од подножјето на Алпите.
А она што ќе го откриете во Ментон е нешто кое не може да се опише со зборови, па имајте предвид дека ќе направите многу фотки од патувањето.
(О)Милена | Црнобело