„Шпанскиот град Билбао ми ги напои сетилата“ - вистински „заборавен“ рај на планетата

Секогаш кога ќе ми го споменеа шпанскиот град Билбао во главата ми се појавуваше сликата на Билбо Багинс од Хобит. Веројатно сличноста на имињата ја предизвикуваше таа поврзаност. 

shapnskiot-grad-bilbao-mi-gi-napoi-setilata-vistinski-zaboraven-raj-na-planetata-01.jpg

Некако се убедив себеси дека ако некогаш отидам во Билбао мора да проживеам неверојатни авантури, можеби не како оние на Билбо, но нешто вредно за споделување.

Неодамна, кога „зашпартав“ низ Европа со цел да се внесам во нова авантура, ми излезе можност да ја посетам Баскија, автономната покраина на северна Шпанија. Историскиот регион кој се состои од три провинции: Алава, Гипускоја и Бискија, каде вкупно живеат над два милиони жители, за мене претставуваше предизвик од оној вид каде слободно можев да штиклирам уште едно посетено место на мапата од Европа.

Немав многу информации за баскиската покраина, освен бледи информации за терористички напади и за воената баскиска националистичка и сепаратистичка организација ETA. Останатото сè беше препуштено да го доживеам по прв пат.

Возејќи се со автомобилот низ оваа автономна заедница каде се зборува баскиски и шпански, останав зачуден од природната убавина, што на тоа дождливо време ми предизвикуваше стравопочит. Од една страна разеленета шума, а од друга Атланскиот Океан.

Врвна комбинација што отсликуваше еден заборавен рај на планетата, зошто пред сè беше сочувана од масовниот туризам што често ги нагрдуваше вистинските убавини.  

bilbao spanskiot grad so unikatna prikazna 7

Кога пристигнав во Билбао, град основан во далечниот 14 век, слегов на метро станица Casco Viejo, точно во самото историско тло на градот. Има интересна мешавина од архитектонски стилови, тесни и шармантни улици, мали барови со дрвен ентериер.

Тука се наоѓа Catedral de Santiago со нејзиниот препознатлив готик стил, изградена уште во 14 век. Во северниот правец од стариот дел на градот стационирана е пространата Plaza Nueva, преполна со туристи кои занесени од опкружувањето повеќе ѕвереа во своите телефони и апарати, отколку да се препуштат на моментот и да ја дегустираат заводливата баскиска атмосфера.

bilbao spanskiot grad so unikatna prikazna 4

Додека еден туристички водич им зборуваше на група Норвежани, се запрашав каков ли бил животот во Билбао пред неколку векови. Љубопитно го слушав излагањето на водичот кој занесено зборуваше за народот кој живееше тука, сметајќи се за еден од најстарите во Европа.

Не знам колку е точно, но она до што успеав да се дочепкам е теоријата дека жителите на Баскија се сметаат за директни потомци на оние луѓе од ледена доба, кои во отфрлените пиринејски долини го преживеале доселеничкиот бран на индогерманците. Навистина интересна приказна беше тоа.

bilbao spanskiot grad so unikatna prikazna 3

Со самото преминување на реката Нервион преку еден од неколкуте мостови, се најдов во новиот дел на градот. Постои голема разлика од она што остана зад мене. Како и секоја метропола, така и тука имаше големи и прометни улици со брендирани дуќани, луксузни ресторани во кои не сакав ни да ги погледнам цените.

Тука се наоѓаше и Универзитет на Баскиските земји, опколен со зелени површини и паркови преполни со студенти. Она што ми остави голем впечаток е фактот што имаше огромен наплив на ерасмус студенти од целиот свет, речиси и да не запознав локалец, сето време бев во друштво на странци, кој од Турција, Франција, Германија...

bilbao spanskiot grad so unikatna prikazna 8

Најголемата атракција ја оставив за крај. Тоа е музејот Гугенхајм, проектиран од познатиот американски архитект Френк Гери. Самото здание изгледа толку зачудувачко, а изградено е од титан, варовник и стакло и воедно претставува вистински пример за архитектура од 20 век.

Сите кои се вознесени од апстрактна уметност, ова место е вистинскиот избор за нив. На платото од музејот се наоѓа и 13 метри висока скулптура на куче, покриено со шарени цветови.

bilbao spanskiot grad so unikatna prikazna 9

bilbao spanskiot grad so unikatna prikazna 2

Интересно е што и новата книга на Ден Браун, именувана како Потекло, започнува токму од овој ултрамодерниот музеј, кога Роберт Лангдон, професор по симбологија и религиска иконологија, присуствува на едно многу важно соопштение, кое демек, можело да го промени светот. Толку, кој сака нека си ја прочита книгата и ќе дознае повеќе...

Неколкудневниот престој остави значаен белег врз моето патувачко искуство, со убедување дека некогаш повторно ќе свратам до Билбао. Ако ништо друго, барем на ден-два.

bilbao spanskiot grad so unikatna prikazna 6

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)... На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg