10 најголеми тајни на стјуардесите во прва класа
Тие имаат дури и обука за како да се шминкаат, а на ѓерданите за време на лет може да заборават засекогаш.
Стјуардесите од прва класа изгледаат како вистински кукли.
Совршено испеглана облека, беспрекорна фризура, мазна кожа и нежна шминка... Но, се разбира, сето тоа има цена.
Колку и да изгледа гламурозна нивната работа, стјуардесите се соочуваат со низа правила кои мора да ги почитуваат:
Тие имаат информации за секого уште пред луѓето да се качат на летот
Пред секој лет екипажот има краток состанок околу патниците и нивните желби.
На нивните таблети тие го имаат вашето име и други податоци за вас, особено ако сте ВИП или редовен клиент.
Тие запишуваат белешки за вас за време на летот
Стјуардесите ги запишуваат желбите, интересите и хобито на клиентите за во текот на дестинацијата тие да се чувствуваат удобно, а особено ако летаат повторно со истата компанија.
Тие имаат оддел кој им кажува каква шминка смеат да носат
Постојат правила за начинот на шминкање на стјуардесите. Во некои компании дозволени се само одредени бои на сенки за очи, одредени нијанси кармини, а ноктите треба да бидат со француски маникир или во некоја нежна боја.
Тие имаат точно одредена фризура која треба да ја носат за време на летот
Во компаниите од Обединетите Арапски Емирати се носи француски твист со ластиче во црвена боја.
Тие имаат курсеви за шминкање и нега на кожа
Стјуардесите, покрај многуте други курсеви, имаат и курсеви за нега и убавина.