Примамливи земји за одмор, каде ќе поминете поевтино од очекуваното
Унгарија
- Сместување: од 7 евра (хостел), од 10 евра (хотел)
- Храна: од 2.5 евра
- Транспорт: од 1.14 евра
Унгарија иако можеби не е толку многу популарна, сепак има многу да понуди, како и повеќето европски земји, плус има еден бонус – достапни цени.
Можете да одберете хостел за 7 евра, хотел со цена помеѓу 10 и 20 евра или да се одлучите за couchsurfing искуство бесплатно.
Можете да посетите музеи во Будимпешта без да платите, да се релаксирате покрај езеро, да уживате на полињата од лаванда и да гледате антички тврдини.
Во ресторан, може да потрошите од 2-6 евра, а во маркет, леб, сирење, вино и пилешко би ве чинело околу 11-12 евра.
Билет за јавен транспорт чини околу 1.14 евра, а можете да купите и целодневна карта која чини околу 5 евра.
Филипини
- Сместување: од 4 евра (хостел), од 9 евра (хотел)
- Храна: од 1.8 евра
- Транспорт: од 0.3 евра
Природа во која ретко кој не би уживал, топла клима, бели плажи и историски градби кои може да ги истражите.
Цените, секако во зависност од барањата и местото, варираат. Може да најдете хостели и хотели за цена од 4-14 евра, а може и да изнајмите цела куќа за 260 евра месечно.
Во локалните кафулиња, појадокот и ручекот чини од 1.8-3 евра, а туристите најчесто се превезуваат со велосипет, брод или фери, а најевтин транспорт се ретро џиповите за повеќе луѓе.
Албанија
- Сместување: од 5 евра (хостел), од 10 евра (хотел)
- Храна: од 2 евра
- Транспорт: од 1 евро
Албанија исто така има многу градови кои вреди да се посетат, летувалишта и други места кои ќе ве воодушеват.
Лесно е да се најдат удобни соби во хостел по цена од 5 евра, а во хотел од 10 евра. Цените за храна и алкохол во Албанија се помеѓу најевтините во Европа.
Уличната храна е вкусна и чини околу 1.8 евра, а во рестораните оброците се од 3.5 евра па нагоре. Кафето е околу 0.5-1 евро, а трошокот за транспорт ќе ви биде многу мал.
Бали
- Сместување: од 3 евра (хостел), од 8 евра (хотел)
- Храна: од 2 евра
- Транспорт: од 0.36 евра
Магично место кое секој сака да го посети, но се плаши од трошоците. Сепак, постои начин да уживате во сите убавини кои ги нуди Бали и да ги доживее прекрасните искуства без многу да потрошите.
Можете да изнајмите соба во хостел за 3 евра, или во хотел за 8 евра. Појадокот чини околу 1.5-3 евра, а ручекот за двајца во кафулиња од 4-8 евра.
Вегетаријанските оброци почнуваат од 1 евро, а евтино овошје може да се најде малку подалеку од самиот брег. Цените за транспорт почнуваат од 0.36 евра, а таксито чини од 2.5 евра па нагоре.
Никарагва
- Сместување: од 4 евра (хостел), од 10 евра (хотел)
- Храна: од 2 евра
- Транспорт: од 1 евро
Ако ја посетите Централна Америка, не ја пропуштајте Никарагва. Можете да изнајмите соба во хостел за 4 евра, а во хотел од 10.
Посоодветно е да јадете надвор за 2-8 евра, а на плоштадот во Гранада има и оброци кои чинат 2-3 евра. Јавниот превоз чини од 1 евро нагоре, а такси до други градови најмалку 25 евра.
Можете да патувате и да уживате во убавините на парковите со орхидеи, вулкани, песочните бели плажи и уште многу други прекрасни работи.
М. М. | Црнобело