11 градови во кои речиси никогаш нема сонце
Рејкјавик, Исланд – 55 сончеви денови годишно
Кога ќе влезете во светлиот и модерен главен град на Исланд нема да ви се верува дека сонцето е толку редок посетител. Светлите куќи, пријателски настроените луѓе, термалните базени даваат чувство на топлина. Ова е најсеверниот главен град на светот и не е чудно што нема сонце.
Една од главните карактеристики е неверојатно чистиот воздух бидејќи нема многу индустрија, а куќите се загреваат на вода од термални извори.
Мурманск, Русија – 53 сончеви денови годишно
Мурманск се наоѓа под Северниот поларен круг, па ноќта тука може да потрае долго време.
Од декември до јануари сонцето во овој руски град не изгрева, па жителите имаат празници како „First Dawn“ и „Hello, the sun“.
Принц Руперт, Британска Колумбија, Канада - 52 сончеви денови годишно
Мрачниот град на островот Кајен во Тихиот Океан е опкружен со планини и тешко дека некогаш ќе го посетат љубителите на сува и топла клима. Тука има океанска клима и врне 240 дена во годината, а кога ќе сопрат дождовите се спушта магла.
Сепак овој голем град е многу значаен за економијата на Канада и до него од копното може да се стигне преку мост.
Торсхван, Данска – 35 сончеви денови годишно
Како и во цела Данска, стандардот на живеење е висок и во Торсхван, главниот град на автономните Фарски Острови, па жителите живеат среќно во градот, кој е препознатлив како навистина мрачен.
Сепак, благодарение на ѕидовите на куќите, насликани во сите бои на виножитото, уличното осветлување и декорациите на домовите на жителите градот изгледа многу убаво и пријатно.
Јан Мајен, Норвешка – 34 сончеви денови годишно
Најоблачно место на планетата е малото село Olonkinbuen на норвешкиот вулкански остров Јан Мајен.
Островот често е обвиен со магли, па станува навистина темно. Спас од депресија е прекрасната недопрена природа во ова зафрлено катче на Норвешка.
Интересна информација:
Малиот норвешки град Рјукан шест месеци апсолутно не го гледа сонцето. И овој град би можел да биде рекордер на нашата листа. Иако сонцето не е толку редок гостин тука, градот е опкружен со многу високи планини, преку кои сонцето едноставно не може да помине.
Проблемот конечно е решен во 2013 година со поставување огледала на планините, кои го рефлектираат сонцето и го пуштаат во ова место. Засега тоа се однесува само на централниот дел на градот.
С. С. | Црнобело