9 одлични причини да го посетите прекрасниот Даблин

Катедрали, универзитети, библиотеки, паркови, пабови... Богатата историја на Даблин го прави овој град привлечна туристичка дестинација.

9 top prichini zoshto da go posetite prekrasniot dablin 001

Даблин е еден од најстарите градови во Европа. Тој е урбано место полно со култура и карактер. Познат е по опуштените локали, живата музика и прекрасната храна.

Искуството што ќе ви го понуди главниот град на Ирска го нема на друго место:

Guinness Storehouse

Фабриката за производство на пивото Guinness е отворена во 2000 година и е вистинска туристичка атракција во Даблин.

Овде ќе доживеете типично ирско патување обоено со шарени ликови и легендарното рекламирање на брендот. Најдоброто Гинис пиво го служат токму во барот на пиварницата „Gravity Bar“.

9 top prichini zoshto da go posetite prekrasniot dablin 01

Trinity College, Long Room и Book of Kells

Овој колеџ, основан во 1592 година, ќе ве врати во времето. Колеџот Trinity е дом на некои од најдобрите и најперспективни млади умови. Тука традиционално се оддава чест на научниците како Едмунд Бурк и Оскар Вајлд.

Во старата библиотека на колеџот од 18-тиот век се наоѓа т.н. „Long Room“, која е гордост на Ирска, а и „Book of Kells“, што претставува еден од најпознатите средновековни ракописи во Европа. Ова е место што апсолутно сите посетители на Даблин мора да го видат.

9 top prichini zoshto da go posetite prekrasniot dablin 02

Little Museum of Dublin

Даблин е антички град, но животите и културата на неговите помодерни граѓани се подеднакво фасцинантни како и минатото на Викинзите. Нема подобро место за истражување на животот на градот во 20-тиот век од музејот „Little Museum of Dublin“.

9 top prichini zoshto da go posetite prekrasniot dablin 03

Kilmainham Gaol

Напуштениот затвор „Kilmainham Gaol“, кој е еден од најголемите во Европа, содржи безброј приказни помеѓу неговите студени ѕидови.

Во времето на функционирањето од 1796 до 1924 година, тука престојувале многу криминалци меѓу кои мажи, жени и деца, но и најпознатите ирски политички фигури. Ќе ја дознаете драматичната историја на затворот со брутални услови и многу егзекуции.

9 top prichini zoshto da go posetite prekrasniot dablin 04

Literary Pub Crawl

Туристички водичи, полни со приказни, песни и шеги за Даблин и уметничкиот живот таму, ќе ве поведат на незаборавна тура низ најпознатите даблински пабови, наречена „Literary Pub Crawl“.

9 top prichini zoshto da go posetite prekrasniot dablin 05

St. Patrick's Cathedral

Ова е најголемата катедрала во Ирска и една од ретките постоечки градби од средовековен Даблин. Во неа Свети Патрик правел крштевки, а и денес таа е центар на духовноста.  

9 top prichini zoshto da go posetite prekrasniot dablin 06

Dublin Castle и Chester Beatty Library

Замокот на Даблин е древна тврдина на Викинзите, церемонијално место што го користи модерната влада на Ирска, како и центар за јавни изложби и настани.

Оригиналните тврдини и славните градини го прават задолжително место за посета во Даблин. Таму е и славната библиотека „Chester Beatty Library“ со завидна колекција на книги.

9 top prichini zoshto da go posetite prekrasniot dablin 07

Jameson Distillery

Љубителите на познатото ирско виски Jameson треба да ја посетат фабриката, каде Џон Џејмисон почнал да работи во 1780 година. Неодамна таа беше реновирана и повторно отворена за посетителите кои можат да уживаат во 40-минутна дегустација наречена „Bow Street Experience“.

9 top prichini zoshto da go posetite prekrasniot dablin 08

St. Stephen's Green Park

Овој парк е зелено прибежиште во срцето на Даблин. Тој е совршено место да застанете и да уживате во природата.

Многу споменици, стари дрвја и прекрасно езерце - тука ќе се релаксирате исто како што се релаксираат и локалните жители.

9 top prichini zoshto da go posetite prekrasniot dablin 09

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Предлог зимска дестинација во Македонија: Нижеполе изгледа како снежна бајка Доколку сакате да се релаксирате, да уживате во топол чај со прекрасна глетка ил...
7 причини зошто уште веднаш да се спакувате и да го посетите Лисабон Ќе се вратите низ времето со ретро трамвајот број 28, но и ќе ги вкусите најдобр...
Неколку причини зошто да го посетите Бледското Езеро во Словенија Во средината на езерото е сместена црквата „Успение на Богородица“ каде посетите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg