20 причини зошто да се откажете од сè и да заминете за Португалија
Да погодиме – сигурно сте посетиле многу земји во Европа или барем сте размислувале да ги видите, но никогаш не сте помислиле да ја ставите Португалија на листата.
Италија, Шпанија, Германија, Грција, Турција, се дел од најпосетуваните, но оваа малечка земја секогаш ја заборавате дека постои.
А, верувајте, Португалија исто така има многу што да понуди и вреди да се отиде на едно такво патување.
Дознајте нешто повеќе за оваа прекрасна мала земја и ставете ја на листата за патувања во блиска иднина:
1. Сонцето заоѓа „во океанот“ и има прекрасна глетка.
2. Прекрасни жолти трамваи во кои секој ќе посака да се вози низ Лисабон.
3. Кафето има посебен вкус, а не е воопшто скапо.
4. Секогаш можете да најдете свежа риба за ручек.
5. Насекаде има калдрма во вид на мозаици.
6. Има совршена клима – блага зима со минимални 5⁰С и топло лето со освежување од Атлантски Океан.
7. По Франција, Италија и Шпанија, најубаво и најквалитетно вино има во Португалија.
8. Ќе се заљубите во прекрасниот вкус на Pastel de nata.
9. Брановите на Атлантскиот Океан се идеални за учење или усовршување на сурфањето.
10. Деновите во Португалија се посветли и затоа многу филмови се снимаат тука на природна светлина.