Дестинации од бајките кои би требало да ги посетите барем еднаш во животот
Затворете ги очите и транспортирајте се на првото место што ви доаѓа на ум кога ќе се спомене зборот бајка. Можете да сонувате колку што сакате, но сликата која ќе ви дојде на ум сигурно нема да биде толку совршена како овие бајковити места што веќе постојат.
Наместо да исчезнете во вашиот ум во друг свет каде што постојат замоци, магии и змејови, во вистинскиот живот навистина можете да посетите вакви места и да ја почувствувате инспирацијата која најпознатите автори ја имале кога ги пишувале нашите омилени детски приказни.
Ги сакаме бајките поради тоа што ни прават да веруваме дека постојат некои магични места во светот и дека и ние можеме да бидеме дел од таа магија.
1. “Kylemore Abbey, Co. Galway”, Ирска
Не постои човек на светот кој не би се воодушевил од овој поглед. Дури и ако не сте романтични, ова место ќе ве восхити на прв поглед.
Сè е прекрасно - од преубавото езеро пред манастирот, до историската фасада и богатиот мебел во замокот.
Замокот бил изграден во 1867 година, и најпрвин бил луксузен дом на Маргарет и Хенри Мичел и нивните 9 деца. Хенри Мичел бил син на богат производител на памук од Манчестер, Англија, но неговото семејство имало ирско потекло.
На нивниот меден месец, Хенри и неговата сопруга го посетиле местото и се заљубиле во него.
Решиле дека сакаат нивното семејство да расте на ова место, а политичката кариера на Хенри му го донела богатството за да може да го купи. Тој го купил овој имот како симбол на љубовта кон неговата сопруга.
Сепак, бајковитата приказна не траела долго. На патување во Египет, Маргарет се разболела и починала по 2 недели. Нивната најмала ќерка имала само 2 години кога се случил трагичниот настан.
Посмртните останки на Маргарет и Хенри сè уште стојат во мавзолејот во блиската шума.
Во 1920 година, луксузниот дом станал манастир и училиште за девојчиња.
2. “Castle Hill Ipswich”, Масачусетс, Америка
Оваа преубава палата е сместена на врвот на еден рид. Ако сте ги гледале филмовите „Ghosts of Girlfriends Past” и „The Witches of Eastwick”, тогаш веќе сигурно знаете зошто оваа палата е ставена на овој список.
Палатата е изградена во 1910 година од Ричард Тели Крејн Џуниор. Затоа и замокот е познат помеѓу народот како имотот на Крејн.
Во 20-от век, богатите Американци граделе домови надвор од градовите со цел да избегаат од гужвите и индустриските предели. Најчесто тие граделе цели комплекси со преубави пејзажи, слично како имотот на Крејн.
Палатата денес е отворена за јавноста и луѓето можат да го посетат местото и да поминат еден ден на пикник или едноставно да уживаат во пејзажите. Иако палатата е огромна, сепак има домашна атмосфера и затоа и луѓето толку многу ја сакаат.
3. “Градините на Версај”, Франција
Не можете да кажете дека сте биле во Франција ако не сте го посетиле дворецот Версај и не сте биле сведок на екстравагантноста на градините. Оваа преубава палата била изградена во 17 век за кралот Луј XIV.
Тој владеел 72 години, многу подолго од било кој монарх.
Кралот обожавал музика, уметност и театар и сакал цело време да биде опкружен со екстравагантност. Се дружел со многу познати уметници од тоа време како Молиер, Чарлс де Брун и Жан Батист Лули.
Градините на Версај се едни од најголемите градини во светот. Секоја година се садат околу 210.000 цвеќиња и околу 200.000 дрвја.
Градините се познати по геометричноста и по тоа што ништо не е подолго или пократко отколку што треба. Има околу 50 спектакуларни фонтани кои сè уште се служат работат на хидроулика, како што работеле кога му служеле на кралското семејство.
4. “Neuschwanstein Castle”, Германија
Замокот е познат по тоа што служел како инспирација за приказната за Пепелашка. Лудвиг Втори го осмислил изгледот на замокот како проект на неговата суета, затоа што верувал дека заслужува да живее во замок од соништата што дотогаш постоел само во бајките.
Тој за малку ќе ја уништел економијата на Ваварија со цел да го финансира својот сон.
По неговата смрт, властите на Германија речиси веднаш го отвориле замокот за јавност за да се обидат да ги вратат парите што ги изгубиле од многубројните туристи.
Замокот е замислен да изгледа како автентичен замок на витез од бајките. Тој бил изграден од кралот со цел да се повлече од јавниот живот, но денес, спротивно на неговите желби, го посетуваат милиони луѓе годишно.
Она што го прави овој замок посебен е неговата бајковите локација. Сместен е на Алпите во Германија, и опкружен е со прекрасен пејзаж, на врв на рид што му дава бајковит изглед. Овој замок е дефинитивно еден од најшармантните замоци во светот.
5. Библиотеката “Klementinium” - Прага, Чешка
Ако сте фан на автентична барокна архитектура, тогаш ова место секако ќе ве импресионира. Библиотеката е отворена во 1722 година и има околу 20.000 книги.
Многумина ја сметаат библиотеката Клементиниум како најспектакуларна библиотека во светот.
Библиотеката е мало богатство на светот и има моќ да ве транспортира во свет сличен на оној од приказната за Хари Потер. Местото изгледа како да е полно со магија, и мислите дека во некој момент книгите ќе почнат да играат во вашите раце.
Сигурно никогаш не би ни здосадило да читаме ако можеме да читаме овде секој ден.
Клементиниум се наоѓа во близина на мостот Чарлс во историскиот дел на Прага.
6. “Catherine Palace”, Русија
Палатата била изградена како летна палата за руските цареви. Во 1717 година, Катерина Прва од Русија ангажирала германски архитект да направи палата по нејзин вкус за летно уживање.
Во 1752 година, старата палата била срушена и заменета со нова палата во рококо стил. Фасадата на палатата содржи околу 100 килограми злато. Палатата била дом на многу руски владетели низ историјата.
Денес палатата служи како музеј. Во внатрешноста се снимиле многу филмови, како познатото руско дело Војна и мир. Сцената во собата за бал, каде што Наташа Ростов првпат танцува со принцот Алберт е снимена во оваа палата.
Нема сомнеж дека би се чувствувале како вистински цар, кога би се движеле низ прекрасните, богати ходници во оваа палата.
А. В. | Црнобело