Tropical Islands Resort - Најголемиот затворен воден парк во светот
Во најголемиот воден парк на светот е топло и влажно, а температурата надвор е смрзнувачка.
Ако го барате најголемиот аквапарк во светот, сигурно Германија не би ви паднала на памет.
Но, на 50 километри од Берлин, во поранешен хангар кој е прекриен со снег во зима, се наоѓа една неочекувана „летна дестинација“.
Tropical Islands Resort е најголемиот затворен аквапарк во светот со површина од околу 64.000 метри квадратни, а собира 6.000 луѓе истовремено.
Овој „тропски остров“ нуди забава за посетители од сите возрасти кои можат да уживаат и да се згреат дури и во зима, а можете дури и да си обезбедите престој во истиот.
Простор за мали деца полн со играчки, мали и големи тобогани, барови, лежалки, базени, џакузи, тропски палми се само дел од атракциите кои ова место ги нуди.
Ако лежењето во базен под сончевиот проѕирен кров не ви е доволно релаксирачко, тогаш има и спа каде целосно може да се опуштите.
Просторот од страните е обложен со постери од небо кои ви даваат чувство како да се наоѓате надвор во природа, а не во затворен простор.
Кој не би посакал вакво искуство во секој период од годината?
Погледнете ги видеото и галеријата од овој тропски остров кој секој би посакал да го посети:
М. М. | Црнобело