Низ објективот на блогерките и трендсетерките: Инстаграм разгледници од Грција
Тие ги диктираат трендовите и во светот на патувањата, а нивните фотки се секогаш колориритни, стилски и беспрекорно средени, откривајќи една сосема поинаква перспектива, која ќе сакате да ја искусите за време на престојот во Грција.
Покрај чудесната Италија, уште една омилена медитеранска дестинација за летен одмор на познатите блогерки и трендсетерки е и соседната Грција.
А, со богатата историја и одличната гастрономска понуда, прекрасното море и големиот број на острови, таа на светските патнички им нуди навистина најразлични опции за разонода и уживање.
Благодарение на социјалната мрежа Инстаграм, на врвот на најпосакувани места помеѓу нив се најде Санторини. Популарен е отсекогаш, но масовно достапниот поглед на неговите каскадни улички и преслатки куќички, доведоа до вистински бум на популарноста на овој сликовит и фотогеничен остров.
Миконос и Закинтос се вбројуваат во подеднакво атрактивните места, а крајбрежјето е толку разгрането, што изборот на приморски гратчиња и острови е неодоливо разноличен.
И главниот град Атина, кој е колевка на древната грчка историја, не е изоставен од туристичката мапа, ниту, пак, убавите фотки на влијателните дами во светот на социјалните мрежи.
Сепак, доколку се одлучите да тргнете по стапките на трендсетерките - до „ин“ локациите во Грција, очекувајте наплив на туристи. Толпи од луѓе ги посетуваат сите оние атракции што со мечта и имагинација ги набљудувате на социјалните мрежи.
Поради тоа, најпаметно е да одберете датуми кои се надвор од сезона – кога температурите се малку поблаги, а бројот на туристи малку помал.
Од Атина, Санторини и Миконос, преку Иос и Закинтос, па сѐ до Крит, Парос, Хидра и Фолегандрос – погледнете ги Инстаграм разгледниците кои виртуелно ќе ве прошетаат до најпосетените и најактуелните дестинации во Грција:
М. А. | Црнобело