Низ објективот на блогерките и трендсетерките: Инстаграм разгледници од Италија
Тие ги диктираат трендовите и во светот на патувањата, а нивните фотки се секогаш колориритни, стилски и беспрекорно средени, откривајќи една сосема поинаква перспектива, која ќе сакате да ја искусите за време на престојот во Италија.
Чудесната Италија е една од дестинациите кои секогаш се на самиот врв од патувачките листи. Ни буди романтични чувства и евоцира на љубов, без разлика дали се работи за големите градови, како Рим и Милано, или, пак, слатките крајбрежни местенца со шарени градби извишени над морското синило.
Особено во лето, кога и сета магија на гастрономското уживање, со сладоледи, тестенини, пица, сортни вина и коктели на отворено, максимално ги дразни сетилата. Поради тоа, но и избилството од знаменитости и модни „атракции“, секоја летна сезона одново следиме како популарните блогерки и трендсетерки уживаат во престојот во Италија.
Тие ги диктираат трендовите и во светот на патувањата, а ние ви ги претставуваме нивните омилени локации. Ривиерата и понатаму е апсолутен хит, но и местата во внатрешноста, како Фиренца и целиот регион Тоскана.
Од Рим, Милано и Венеција, преку Тоскана и Фиренца, па сѐ до Амалфи, Позитано, Портофино и Капри – погледнете ги Инстаграм разгледниците кои виртуелно ќе ве прошетаат до најпосетените и најактуелните дестинации во Италија:
М. А. | Црнобело