9 златни правила на плажите во Грција: Што смеете да правите, а што не?
Правилата за однесување на плажа се разликуваат од земја до земја, па така во Грција си важат неколку златни правила кои треба да ги знаете и почитувате.
За да не се доведете до незгодна ситуација како турист, добро би било да ги запаметите и почитувате:
1. Грчкото крајбрежје и сите плажи на него се јавно богатство, па никој не може ексклузивно да ги користи.
2. Во Грција нема приватни плажи. Ако хотелот е на сама плажа, тоа не значи дека другите туристи од околината не смеат да ја користат истата плажа. Секој хотел е должен да им обезбеди наместен премин до „својата“ плажа.
3. Помеѓу редовите од чадори и лежалки мора да постои барем 1 метар простор за поминување.
4. Лежалките мора да бидат најмалку 5 метри оддалечени од водата.
5. Рестораните на сама плажа не се по закон.
6. Грците не сакаат бучава на плажа, па дозволена е музика со јачина од максимум 50 децибели.
7. Кучињата се секаде дозволени.
8. Нема кампување на плажите.
9. Бањањето топлес е забрането. За љубителите на нудизам постојат посебни нудистички плажи.
М. Д. | Црнобело