Банско во Бугарија - совршена зимска, но и летна дестинација
Хотели со пристојни цени, пониски температури и прекрасна природа – летна дестинација, зошто да не?!
Малото гратче Банско, кое се наоѓа на 927 метри надморска височина во Бугарија, е атрактивен ски центар. Одличните патеки за скијање и достапните цени во хотелите во зимската сезона се мамка за туристи ширум светот.
Но, сѐ почесто Банско станува и омилена летна дестинација. Прекрасната природа, чистиот воздух и базените во склоп на хотелите се одличен рецепт за планинска релаксација и бегање од пеколните горештини барем на неколку дена.
Во близина на Банско се наоѓа и прекрасниот Национален пар Пирин, кој е еден од трите национални паркови во Бугарија.
Велосипедизам, планинарење, голф, риболов се само дел од активностите кои ви се нудат во Банско во текот на летото.
Еве дел од фотките на социјалните мрежи направени од посетители во Банско ова лето:
С. С. | Црнобело