12 опасности кои може да ви го уништат одморот на егзотични места
7. Растенија
Локација: Азија, Африка, Австралија
Егзотичните растенија може да бидат многу штетни по вашето здравје. Затоа, избегнувајте да допирате непознати растенија за време на екскурзиите низ местата или шетањето во природа.
8. Изгореници од сонце
Локација: Азија, Африка
Изложеноста на сонце не е здрава во ниту еден дел на светот, но врелото тропско сонце може да предизвика многу болни изгореници. Затоа не заборавајте да ставите крема за сончање со висок фактор секојпат кога излегувате надвор, а дури е и препорачливо да носите облека со долги ракави што ќе ве заштити.
9. Мајмуни
Локација: Азија
Овие наизглед безопасни животинчиња кои живеат во Тајланд и другите соседски земји, може да бидат многу агресивни и да напаѓаат луѓе кои носат храна со нив.
Затоа, тргнете го накитот од вас и сокријте ја камерата/апаратот кога посетувате места каде има мајмуни. Во спротивно, овие љубопитни и дрски примати, нема да се двоумат да украдат сѐ што имате.
10. Рептили
Локација: Азија, Африка, Австралија
Отровните змии се чести во тропските и суптропските земји. Сепак, повеќето од нив напаѓаат исклучиво во самоодбрана. Затоа отварајте ги очите и внимавајте каде газите.
11. Кражби
Локација: Азија, Африка
Кражбите се глобален проблем, но сепак, во Тајланд вредните работи и парите можат да исчезнат дури и од сефовите.
Препорачливо е вредните работи да ги чувате на неколку различни места, а големи суми на пари да имате само на картички. Грижете се за вашите лични предмети, посебно кога сте на плажа или на пазар.
12. Сообраќај
Локација: Југоисточна Азија, Индија, Египет
На некои места, само локалците можат да разберат како функционираат сообраќајните правила во градовите. Возачите најчесто комуницираат со помош на гестикулации и сигнали.
Затоа, треба да бидете многу внимателни, посебно кога возите велосипед или мотор, а најмногу при поминување улица како пешак.
М. М. | Црнобело