12 опасности кои може да ви го уништат одморот на егзотични места

Што може да биде повозбудливо од помислата да го поминете вашиот одмор во егзотични земји, уживајќи во сонцето, водата и неверојатните природни убавини?

12-opasnosti-koi-mozhe-da-vi-go-unishtat-odmorot-na-egzotichna-destinacija-01.jpg

Но, тоа не е сѐ. Точно, егзотичните дестинации изгледаат прекрасно на фотографии и во живо, но дури и овие места имаат свои недостатоци.

За време на патувањето на некои места, може да се соочите со бројни неволји кои можат одморот од соништата да ви го претворат во ноќна мора.  

12 совети кои колку толку ќе ви помогнат да бидете повнимателни со овие опасности:

1. Медузи, корали и некои видови риби

Локација: Африка, Азија, Австралија

Многу опасни суштества, вклучувајќи некои видови риби, медузи и корали живеат во топлите води на тропските земји. Најдобар начин да се заштитите од нив е да носите специјални чевли за во вода и да избегнувате да ги допирате.

Исто така, обрнете внимание на знаците за предупредување, како на пример црвеното знаме што значи „забрането пливање“.

12-opasnosti-koi-mozhe-da-vi-go-unishtat-odmorot-na-egzotichna-destinacija-02.jpg

2. Силни струи кои ве држат во место

Локација: сите мориња и океани на Земјата

Силните струи може да бидат многу опасни и да ве одведат далеку од брегот кон отворено море за само неколку секунди. Ако некогаш се најдете во таква ситуација, не се обидувајте да пливате кон брегот и да се борите против нив, бидејќи нивната сила е многу поголема од човечката.

Можете да пливате преку нив паралелно со брегот, а кога ќе ослабе јачината, можете безбедно да се вратите назад.

12-opasnosti-koi-mozhe-da-vi-go-unishtat-odmorot-na-egzotichna-destinacija-03.jpg

3. Комарци и маларични комарци

Локација: Африка, Јужна Америка

Видови на комарци кои пренсуваат смртоносни болести, како Зика вирусот, живеат во многу тропски земји. За да се заштитите од смртоносната опасност, не заборавајте со вас да носите спреј за инсекти и да се вакцинирате против маларија, жолта треска и други болести пред да патувате.

12-opasnosti-koi-mozhe-da-vi-go-unishtat-odmorot-na-egzotichna-destinacija-04.jpg

4. Морски предатори

Локација: Бреговите на Тихиот, Атлантскиот и Индискиот Океан

Многу често се случуваат напади од ајкули, но едноставно е да се обидете да спречите непријатна среба со овој предатор. Не пливајте кога имате отворени рани и исеченеци, бидејќи мирисот на крв ги привлекува.

Иако ајкулите не гледаат бои, тие реагираат на контрасти, па затоа избегнувајте да носите светли или шарени костими за капење. Секако, ова не гарантира 100% безбедност.

12-opasnosti-koi-mozhe-da-vi-go-unishtat-odmorot-na-egzotichna-destinacija-05.jpg

5. Храна од улица

Локација: Азија, Африка

Храната на улица е чест феномен во сите земји во Азија. Иако ваквата храна не претставува преголема опасност, сепак може да предизвика неволји – луѓе кои не се научени на зачинета храна често имаат проблеми со стомакот.

Истото важи и за рестораните. Замолете ги готвачите да не ставаат премногу зачини во вашето јадење ако не ги поднесува вашиот стомак.

12-opasnosti-koi-mozhe-da-vi-go-unishtat-odmorot-na-egzotichna-destinacija-06.jpg

6. Вода

Локација: Азија, Африка

Добро е познато дека на многу места низ светот водата од чешма не е препорачлива бидејќи не е добра за пиење. Но, понекогаш забораваме дека нефлашираната вода и пијалаците измешани со вода кои ни ги служат во рестораните и кафулињата се од истата вода од чешма.

Затоа, најдобро е да пиете само флаширана вода која сами ќе си ја купите од маркетите. На овие места каде што водата е многу загадена, користете флаширана дури и за готвење и миење.

12-opasnosti-koi-mozhe-da-vi-go-unishtat-odmorot-na-egzotichna-destinacija-07.jpg

Уште 6 опасности на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 најубави плажи на Јонските Острови во Грција Љубителите на кристално чисто море во тиркизна нијанса нема да погрешат доколку ...
5 најбезбедни европски градови (совршени за жени кои патуваат сами) Иако Италија е романтична дестинација, сепак, е одлично место и за сам...
9 најтопли европски дестинации што може да ги посетите и во зима Кипар, Сплит, Крит... Кои европски дестинации може да ги посетите и во зима, за ...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...
Предлог зимска дестинација во Македонија: Нижеполе изгледа како снежна бајка Доколку сакате да се релаксирате, да уживате во топол чај со прекрасна глетка ил...
TripAdvisor го избра Лондон за најпопуларна европска дестинација за 2024 - Која соседна земја е на л... TripAdvisor ги избра 10-те најпопуларни туристички дестинации во Европа. На прво...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg