Трикови и совети кои ќе ви се најдат при следното патување
Одморот е најдобриот дел од годината. Но, она што може да ја наруши среќата и опуштеноста дефинитивно е патот за кој не сте добро подготвени.
Па, неопходно е да научите неколку нови трикови со кои нема да се нервирате при следното патување.
Итен полнач за мобилен
Ако не можете да најдете штекер за да го наполните мобилниот, тоа направете го со усб кабел преку најблискиот телевизор – на аеродром, во кафуле или во хотелската соба.
Јадење во автомобил
Додека јадете во автомобилот, храната ставете ја во посебни пластични корпи, а не во кеси. Така ќе избегнете незгодни ситуации и дополнителни застанувања за да го исчистите нередот.
Пакување на накит
Без разлика колку внимавате, накитот ќе се заплетка. Добро решение е секое парче накит посебно да го завиткате во пластична или мрсна фолија.
Организација во автомобилот
Работите ќе бидат многу полесни ако ѕидните џепчиња ги закачите на предните седишта во автомобилот.
Сместете се правилно
- 1 – најважните ситници на возачот, како очила за сонце и паричник
- 2 – најважните ситници за сите, како документи и медицинска кутија
- 3 – канта за отпадоци
- 4 – играчки и предмети за забава на децата
- 5 – храна
- 6 – торби, јакни
- 7 – багаж
Пакувајте се компактно
Големите туби и пакувања распоредете ги во мали пластични садови. Како на пример, огромните шампони и креми, распоредете ги за дневна употреба во мали садови со капачиња.
Секогаш носете карабинери
Може да ви се најдат за сè и сешто и да ви бидат од голема помош.
Сами снајдете се во авион или автобус
Ако ви е здодевно и сакате да си направите ваш личен екран додека летате со авион, треба само да ги следите следниве инструкции: мобилниот ставете го во пластична вакуум кеса која ќе ја закачите за закачалката од предното седиште. Ако гледате филм, слушалките се задолжителни.
М. Д. | Црнобело