Што да правите ако се најдете на отворено море?
Сите обожаваме плажи и се обидуваме барем еднаш во годината да отидеме на море.
Но, колку и да го сакате морето и да се чувствувате убаво и опуштено во него, не треба никогаш да заборавите дека колку што е привлечно, толку е и своеволно и опасно.
Добро е секогаш да се биде подготвен и да знаете како треба да реагирате доколку се најдете на отворено море.
Постојат неколку правила кои не е тешко да се запомнат, а добро ќе ви дојде ако ги знаете:
Смирете се
Нормално е дека луѓето што ќе се најдат во ваква ситуација се плашат за својот живот. Но, паниката нема да ви помогне, само може да влијае лошо на вашите одлуки и да направи побрзо да се изморите. Затоа, останете смирени.
Изберете правилен стил на пливање
Порано или подоцна, ќе морате да почнете да се движите во водата. Стилот на пливање ќе влијае на тоа колку време ќе ви трае силата.
Запомнете го ова правило:
- Во мирна вода, подобро е да пливате на грб, затоа што повеќе ќе се релаксирате и ќе дишете еднакво.
- Ако има бранови, подобро е да пливате на стомак. Земете длабок воздух, наведнете ја главата поблиску до површината и издишете. Ако не ја држите главата цело време исправено над вода, ќе зачувате повеќе енергија.
Најдете нешто што плови
Ако се најдете на отворено море како резултат на бродолом, тогаш мора да има многу работи околу вас кои може да пловат. Најдобро би било ако најдете спасувачки чамец со кои бродовите секогаш се опремени.
Правилно искористете ја облеката
Запомнете дека директното изложување на сонце на отворено, може да биде многу опасно. Па затоа, немојте да ја соблекувате облеката – таа ќе ве заштити од сонцето.
Одлучете што ќе јадете
Добро е ако имате храна за итни случаеви со вас. Но, ако немате, не мора да значи дека ќе гладувате.
- Ако имате оброци, поделете ги на мали порции, за да траат подолго време.
- Ако немате, може да направите стап за ловење, од чипка и парче лименка и да се обидете да уловите нешто. Ако немате такви предмети, обидете се да фатите алги – малите риби знаат да се заглават во нив.
- Обидете се да ловите дури и ако имате залихи на храна. Ако ништо друго, рибите содржат течности.
- Не јадете расипана храна, без разлика колку сте гладни.
Константно обезбедувајте си течности
Не заборавајте дека течноста ви е секогаш потребна. Сепак, запомнете дека не треба да пиете морска вода. Доколку има дожд, собирајте ја водата во било што.
Барајте помош правилно
Секако дека во таква ситуација ќе сакате што побрзо да се спасите и да стапнете на земја. Но, треба правилно да го смислите спасувањето и мерките кои ќе ги преземете.
Запомнете ги ови е правила:
- Ако немате поим каде сте, не талкајте. Останете каде што сте. Така е посигурно.
- Не се избрзувајте да влезете во вода и да пливате до бродот што ќе го видите. Не се обидувајте да го стигнете. Подобро е да му дадете сигнал со отсјај од огледало или лименка.
- Не сигнализирајте со оган за да не го загрозите моментално засолниште што го имате.
- Ако имате среќа и најдете ракети, не избрзувајте да ги пуштате на празно. Почекајте да се појави брод на прикладна одалеченост.
- Ако меѓу другото, најдете флуоресцеин, растворете го во водата кога ќе видите брод или авион. Тоа ќе формира светла точка околу вас, што може лесно да биде забележана од далечина.
Не губете надеж
Очајот е ваш најголем непријател во овие моменти. Не губете надеж дека ќе бидете спасени. Постојат многу приказни од луѓе кои биле пронајдени на отворено море, дури и неколку месеци по нивното исчезнување.
М. М. | Црнобело