Најиритирачки нешта во хотел

10-najiritiracki-nesta-vo-hotelite-povekjeАко патувате често сигурно имате искуство со секакво сметување. Без разлика дали сте сместени во луксузен хотел или некој просечен, и...

 

...сами знаете дека илјадници работи може да тргнат погрешно и постојат бројни ситници кои може да ве извадат од кожа.

Кои се 10-те најиритирачки нешта во хотелите?

10-najiritiracki-nesta-vo-hotelite

1. Кога доручекот се служи од 7 до 8 часот.

Иако е вклучен во цената со ноќевањето најчесто го пропуштате. Ако сте на одмор сигурно не ви ни паѓа на памет да си го нарушувате сонот за да се нахраните.

Особено ако сте биле излезени до раните утрински часови.

2. Купатило – кошмар!

Дури и во луксузните хотели понекогаш забораваат дека купатилото е дел од луксузна соба.

Освен што мора да биде чисто, често пати се случува да биде премногу тесно, да има лош распоред на елементите или држачот за сапун да биде надвор од туш кабината наместо внатре.

3. Надомест за “хотелски трошоци“.

Често на крајот на сметката може да сретнете ваква ставка. Што и да се, морате да ги платите како дел од услугата иако ретко кој знае да објасни што се вбројува во оваа ставка.

4. Не не’ вознемирувајте!

Иако сте ја поставиле оваа ознака на вратата голем број од собариците ја игнорираат. Нив планот им е да ги исчистат собите од 10 до 12 па не ги интересира ако сте се решиле да спиете.

5. Пристапот до интернет е бесплатен, освен во луксузните хотели.

Иронично – но, вистинито. Ако сте сместени во поевтин хотел обично имате и бесплатен wireless пристап, додека во луксузните наплатуваат интернет со астрономски цени.

6. Времето за пријавување и одјавување.

Сте се пријавиле во 16, а треба да се одјавите во 10. Ако случајно доцните 30 минути, ќе ви го наплатат и попладневниот престој.

7. Поголем хотел – не значи дека е подобар.

Кога сакате да прашате некого и за наједноставна ситница, морате да чекате во ред.

8. Тенки ѕидови и бука.

Некогаш имате чувство дека се направени од хартија и дека делите иста соба со оние до вас. Уште и ако се доволно бучни – чувството е потполно.

9. Ја добивме вашата критика, но не можеме да помогнеме.

Колку и да се жалите – не очекувајте дека ќе реагираат на вашите критики. По вас ќе дојдат нови гости кои нема да се замараат со вашите забелешки.

10. Колку перници ви требаат?

Иако ви изгледа неважно ставено е овде бидејќи во луксузните хотели имаат обичај да го затрупаат креветот под многу перници.

Би можело да ве интересира:

Што можете да правите во Фиренца оваа есен? Видете го најпознатиот мост во Италија, восхитувајте се на уникатната готска кат...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Ако годината се познава по Св. Игнат - мојата ќе биде за Солун, патувања и честење кафе Старите велат „што правиш на 2 јануари - ќе правиш цела година“. Што правевте вч...
5 најубави кампови на Халкидики, идеални за семеен одмор или летување со друштво Ако досега никогаш не сте летувале во камп, ви препорачуваме 5 кампа кои се наоѓ...
Плажи во Македонија кои не се на природните езера – совршени за викенд разладување (фото) Наша плажа на езерото Мантово, но и градската плажа на Дебарското Езеро – низ Ма...
Паролдо: Вошебно италијанско село во кое се верува дека живеат вештерки (фото) Паролдо има околу 230 жители, а постојат легенди дека во волшебното село живееле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg