Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Сокриени совршени плажи

skrieni-sovrseni-plazi-povekjeАко не сте личност која сака пренатрупани плажи на кои секојдневно се води борба за место повеќе, тогаш затскриените плажи се вистинска работа за вас.

 

Нема дечишта кои се издераваат, нема мускулести ликови кои се прчат наоколу, нема галама, има мир и тишина, простор за одмор, звук на море, вие и вашите најдраги.

Зар може подобро? Секако дека е реално ако се најдете на некоја од овие скриени плажи.

1. Cousine island, Сејшели

skrieni-sovrseni-plazi-1

Ова всушност не е плажа туку приватен остров. Ако имате длабок џеб и сакате мир и тишина во авангардна природа со собна послуга – ова е место за вас. 6.500 евра по ноќевање! Соленко богами!

2. Caprera island, Сардинија

skrieni-sovrseni-plazi-2

Maddalena  архипелагот се состои од 7 острови и 55 островчиња. Carpera всушност не е остров туку песочен мост, а е познат по црвените карпи. На него нема хотели, но природата е восхитувачка и секако е добро да го посетите ова место.

3. Whale island, Виетнам

skrieni-sovrseni-plazi-3

Го добил името по китовите. Освен китови островот е преполн со корални гребени, кокосови палми и бистра вода, кои дополнително ја разубавуваат целокупната глетка.

Овој остров речиси е пуст бидејќи на него има само една зграда. Тоа е знак дека нема да ви досадуваат многу луѓе додека уживате на плажа.

4. Luskentyre beach, Шкотска

skrieni-sovrseni-plazi-4

Ова можеби и не е место ако сакате конвенционален одмор. Западната страна на Шкотска е преполна со златни песочни плажи кои никако не можат да се поврзат со типична Шкотска.

5. New chums beach, Нов Зеланд

skrieni-sovrseni-plazi-5

Оваа плажа е сместена на 40 минути од сите останати атракции во близина. За да дојдете до неа мора да пешачите по песочна недопрена природа, плитка лагуна и каменесто крајбрежје. Плажата е како од бајка, дрва, кристално чисто море и ситен песок.

Фаворит?

Би можело да ве интересира:

7 причини зошто уште веднаш да се спакувате и да го посетите Лисабон Ќе се вратите низ времето со ретро трамвајот број 28, но и ќе ги вкусите најдобр...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...
Летачка санка со Дедо Мраз, елка со желби: Божиќен базар во Швајцарија е еден од најубавите во Европ... На божиќниот базар во Монтро можете да ја видите санката на Дедо Мраз која преле...
Традиционални (летни) специјалитети што треба да ги пробате низ Европа Полнети пиперки и домати во Грција и препознатливиот сладолед во Турција – кои (...
Скриени места во Европа што вреди да се посетат (пред сите да дознаат за нив) Ако сте од оние луѓе на кои им пречи метежот на познатите дестинации, тогаш овие...
Планинско бегство: Предлог дестинации за зимска идила во Македонија и околината Еднодневна тура до Попова Шапка, викенд во Маврово, подолго патување во ски цент...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg