Каде во 2017-та? Предлог дестинации за вашата листа
9. Намибија
Ако никогаш досега не сте биле во Африка, а сакате да го посетите овој егзотичен континент, тогаш треба да почнете со Намибија. Тука ќе почувствувате како да сте последниот турист на планетата, а и ќе имате можност да уживате во интересни национални паркови, уникатна дивина и песочни дини.
Лидериц е стар колонијален град со германско потекло каде ќе најдете лутеранска црква и интересни мали селски продавнички.
Или каде можете да уживате во песочна авантура.
10. Гватемала
Старите урнатини од времето на владеењето на Маите се главна атракција тука. Длбоко во џунглата ќе се сретнете со Националниот парк Тикал, многу храмови и тврдини.
Гватемала има подеднакво прекрасни и природни убавини како активни вулкани и лагуни.
Езерото Петен-Ица ќе ви понуди кристално чисти води.
А, ако сте расположени за кампување или планинарење, можете да ги посетите активните вулкани на Гватемала.
11. Папуа Нова Гвинеја
Само еден поглед кон водите на оваа земја и ќе ви стане јасно дека станува збор за рај на Земјата со многу недопрени убавини.
Белите песочни плажи се заштитен знак на провинцијата Нова Ирска.
Главниот град Порт Морсби е убава, ама по стапката на криминал, добро е да бидете претпазливи кога го проучувате.
И секако, тука можете да уживате во глетките под вода, ако сте доволно храбри да нуркате.
12. Њуфаундленд, Канада
Замислете, кајакарење покрај ледени брегови, санти мраз, глечери...
Оваа земја е убава како на пролет, така и во лето и на есен кога земјата се бои во црвено - жолти нијанси.
13. Романија
Татковина на Дракула нуди морничави чувства и интрига: патниците тука доаѓаат да истражуваат средновековни градови и раскошни замоци, вклучувајќи го и оној од каде доаѓа инспирацијата познатата фантастична книга.
Букурешт, главниот град на Романија, е познат по својата енергија и добрата храна.
14. Лаос
Лаос, покрај Тајланд и Камбоџа, е уште едно егзотично азиско место кое вреди да се најде на вашата листа.
Тука можете да уживате во летање со топол балон над „Vang Vieng“.
Да уживате во освежителните водопади „Kuang Si“ и да откривате скриени природни базени.
15. Азербејџан
„Недопрен“ е можеби најдобриот начин на да се опише оваа крајбрежна земја меѓу Иран и Русија.
Главниот град Баку има свој стар град кој има статус на светско наследство на УНЕСКО, бидејќи е редок пример на античка архитектура.
16. Словенија
Хрватска, посебно за нас, е број еден место за посета во лето, ама ретко кој помислува на Словенија, која пак, е подеднакво убава и близу.
На пример, можете да го посетите Езерото Блед или главниот град Љубљана.
А, за лето, посебно се издвојува приморскиот град, бисерот на Јадранското Море, градот Пиран.
17. Сејшелите
Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон беа тука на меден месец, па знаете дека дефинитивно е рај на Земјата.
Само замислете, приватни острови, мали лагуни, кристално чисти тиркизни води, бели песочни плажи, коктели под кокосови дрвја или палми...
Каде ќе пропатувате во 2017-та?
Н. Г. | Црнобело