Каде во 2017-та? Предлог дестинации за вашата листа

Париз? Прага? Ако сте страсен патник и авантурист, тогаш сигурно веќе сте имале можност да ги посетите овие места. Ама, тоа не значи дека не постојат други нови интересни места кои вреди да ги разгледате.

17-mesta-koi-nikogash-ne-ste-pomislile-da-gi-posetite-a-vredi-01.jpeg

Како пример, ви ги даваме следниве 17 епски места кои вреди да ги погледнете во 2017-та:

1. Јужна Кореја

Јужна Кореја е преполна со интересни национални паркови, планини, острови, места кои треба да ги видите. Плус сега се подготвуваат за зимските Олимписки игри кои ќе се одржат во 2018-та година.

17-mesta-koi-nikogash-ne-ste-pomislile-da-gi-posetite-a-vredi-1.jpeg

17-mesta-koi-nikogash-ne-ste-pomislile-da-gi-posetite-a-vredi-4.jpeg

Еден национален парк кој посебно вреди да го посетите е „Seoraksan“ каде се наоѓа и третата највисока планина во Кореја. Тука ќе најдете топли извори, храмови и места за пешачење.

17-mesta-koi-nikogash-ne-ste-pomislile-da-gi-posetite-a-vredi-2.jpeg

Палатата „Changdeokgung“ е светски заштитена атракција на УНЕСКО која исто така, ако одите во Јужна Кореја, треба да ја посетите.

17-mesta-koi-nikogash-ne-ste-pomislile-da-gi-posetite-a-vredi-3.jpg

2. Република Маурициус

Прекрасен мал остров во Индискиот Океан со тиркизни води совршени за летни спортови, но и мали локални ресторани каде можете да уживате во типичната улична кујна и малку рум.

17-mesta-koi-nikogash-ne-ste-pomislile-da-gi-posetite-a-vredi-5.jpeg

„Le Morne Brabant“ е место заштитено од УНЕСКО кое сведочи за непрестајниот отпор против робовладетелството.

17-mesta-koi-nikogash-ne-ste-pomislile-da-gi-posetite-a-vredi-6.jpeg

Тука ќе ја најдете и геолошката формација позната како Седум обоени земји.

17-mesta-koi-nikogash-ne-ste-pomislile-da-gi-posetite-a-vredi-7.jpeg

А, и ќе можете да уживате во малку шопинг под шаренилото на улицата со чадори.

17-mesta-koi-nikogash-ne-ste-pomislile-da-gi-posetite-a-vredi-8.jpeg

3. Казахстан

9-тата најголема земја во светот не е позната само по Борат, туку и по прекрасната модерна и традиционална архитектура, но и невообичаената дивина.

17-mesta-koi-nikogash-ne-ste-pomislile-da-gi-posetite-a-vredi-9.jpeg

Главниот град Астана е уште попознат и како најчудниот главен град во светот, бидејќи пред 20 години едвај постоеше, но во 1997-та беше ненадејно прогласен за главен град.

Катедралата на христовото вознесение во Алмати е изградена некаде помеѓу 1904-та година и 1907-та година и е единствената градба која го „преживеала“ земјотресот во 1911-та година.

17-mesta-koi-nikogash-ne-ste-pomislile-da-gi-posetite-a-vredi-10.jpeg

Големото езеро кое лежи во подножјето на планините Тјен Шан и е заштитено од УНЕСКО е место каде ќе си ја одморите душата.

17-mesta-koi-nikogash-ne-ste-pomislile-da-gi-posetite-a-vredi-11.jpeg

А, ако сакате да пливате заедно со локалните жители, тоа треба да го направите на Каспиското Езеро.

17-mesta-koi-nikogash-ne-ste-pomislile-da-gi-posetite-a-vredi-12.jpeg

4. Кипар

Прекрасниот медитерански остров бил под влијание на многу антички империи, па нуди интересни туристички атракции кои вреди да се посетат.

17-mesta-koi-nikogash-ne-ste-pomislile-da-gi-posetite-a-vredi-13.jpeg

Во пристанишниот град Киренија можете да крстарите со брод, да пливате или нуркате и да посетите замок.

Лимасол, вториот најголем град на островот ќе ви даде уникатна можност да се релаксирате со морска храна, жива музика и добро вино.

17-mesta-koi-nikogash-ne-ste-pomislile-da-gi-posetite-a-vredi-14.jpeg

Курион ќе ви понуди интересен и уникатен поглед во минатото на Кипар.

17-mesta-koi-nikogash-ne-ste-pomislile-da-gi-posetite-a-vredi-15.jpeg

А, ако сакате да влезете подлабоко во островот, тогаш можете да одите на јавање на коњи во селото „Pissouri“.

17-mesta-koi-nikogash-ne-ste-pomislile-da-gi-posetite-a-vredi-16.jpeg

5. Латвија

Дали сте знаеле дека Латвија има бели песочни плажи, дека Рига е именуван како Европски центар на културата во 2014-та година?

17-mesta-koi-nikogash-ne-ste-pomislile-da-gi-posetite-a-vredi-17.jpeg

Градското собрание на Рига има култна Куќа на црноглавите која е изградена во 1334-та, потоа уништена во Втората светска војна и повторно изградена во 1999-та година.

Покрај течението на реката Гауја можете да посетите над 500 културни и историски монументи.

17-mesta-koi-nikogash-ne-ste-pomislile-da-gi-posetite-a-vredi-18.jpeg

Латвија, исто така, не е лошо место и да уживате во топлите летни денови.

17-mesta-koi-nikogash-ne-ste-pomislile-da-gi-posetite-a-vredi-19.jpeg

А, во националниот парк „Kemeri“ ќе се почувствувате како да сте во некоја егзотична мочуришна бајка.

17-mesta-koi-nikogash-ne-ste-pomislile-da-gi-posetite-a-vredi-20.jpeg

6. Еквадор

Сместен некаде помеѓу Колумбија и Перу, Еквадор има планини, тропска шума, плажи, вулкани, топли извори и секако, познатите острови Галапагос.

17-mesta-koi-nikogash-ne-ste-pomislile-da-gi-posetite-a-vredi-21.jpeg

На островот Бартоломе, кој е дел од Галапагос, ќе се запознаете со многу ендемски видови како на копно, така и во вода. А, и ќе откриете што го инспирирало Дарвин да ја креира својата теорија за еволуција.

Вулканот Чимборазо е највисоката планина во Еквадор.

17-mesta-koi-nikogash-ne-ste-pomislile-da-gi-posetite-a-vredi-22.jpeg

А, историскиот центар, Куенка е уште едно место заштитено од УНЕСКО.

17-mesta-koi-nikogash-ne-ste-pomislile-da-gi-posetite-a-vredi-23.jpeg

17-mesta-koi-nikogash-ne-ste-pomislile-da-gi-posetite-a-vredi-24.jpeg

7. Самоа

10 острови со вулкани, водопади, тропски шуми, природни базени за пливање и плажи. Ровот „To Sua“ е место исполнето со природни карпести базени каде можете да уживате во уникатно пливачко искуство.

17-mesta-koi-nikogash-ne-ste-pomislile-da-gi-posetite-a-vredi-25.jpeg

Кристално чисти води ве чекаат и на островот Уполу.

17-mesta-koi-nikogash-ne-ste-pomislile-da-gi-posetite-a-vredi-26_copy.jpeg

17-mesta-koi-nikogash-ne-ste-pomislile-da-gi-posetite-a-vredi-28.jpeg

А, за импресивна глетка кон водопади, треба да го посетите „Papapapaitai“.

17-mesta-koi-nikogash-ne-ste-pomislile-da-gi-posetite-a-vredi-27.jpeg

8. Уругвај

Уругвај не добива толку многу внимание како својот сосед Аргентина, ама заслужува. Тоа е мал рај кој полека, но сигурно, напредува.

17-mesta-koi-nikogash-ne-ste-pomislile-da-gi-posetite-a-vredi-29.jpeg

Можете да се прошетате по улиците на Монтевидео.

17-mesta-koi-nikogash-ne-ste-pomislile-da-gi-posetite-a-vredi-30.jpeg

Исто така, и да уживате во ексцентричниот ресорт „Casapueblo“ во Пунта Балена.

17-mesta-koi-nikogash-ne-ste-pomislile-da-gi-posetite-a-vredi-31.jpeg

17-mesta-koi-nikogash-ne-ste-pomislile-da-gi-posetite-a-vredi-32.jpeg

Уште 9 места на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
4 европски острови кои вреди да ги посетите според Forbes: Хвар во Хрватска е на прво место Кои 4 европски острови вреди да се посетат според Forbes? Кои од нив се релативн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg