15-те најубави божиќни пазари во Европа
8. Нирнберг
Со почетокот на зимата доаѓаат и примамливите мириси на греено вино, печени бадеми, пунч и топол леб кои го исполнуваат воздухот. Сето тоа започнува со отворањето на Christkindlesmarkt. Пазарот во Нирнберг се отвора на 27-ми ноември и трае до 24-ти декември 2015 година.
7. Ротенбург Обдертаубер
Еднаш годишно, средновековниот град Ротенбург се претвора во бајка. Уште од 15-от век Божиќ е проследен со свечената магија на градскиот пазар, традиција стара 500-ни години. Пазарот во Ротенбург се отвора на 27-ми ноември, а затвора на 23-ти декември.
6. Лајпциг
Пазарот во Лајпциг датира уште од 1458-та година, а 6-те посебни сектори на пазарот се сместени низ историски фасцинантната глетка во центарот на градот. Божиќниот пазар во Лајпциг е еден од најстарите во Германија. Отвора на 24-ти ноември и трае до 23-ти декември 2015-та година.
5. Брисел
Пет недели исполнети со волшебни средби, парфеми, шарени инсталации и фантастични идеи за подароци. Пазарот во Брисел е исполнет со радост, светлина и празнична атмосфера. Се отвора на 27-ми ноември и трае до 3-ти јануари 2015-та година.
4. Колмар
Колмар е град каде можете да ја искусите магијата на Божиќ цели 6 недели низ лавиринтот на мали улички и вековно стари куќи во уникатна и интимна атмосфера. Пазарот се отвора на 20-ти ноември и трае до 31-ви декември 2015-та година.
3. Ахен
Секоја година пред Божиќ плоштадите и улиците пред главната катедрала на Ахен се претвораат во рај од светла и бои, весели звуци и заводливи мириси. Овој пазар ги фасцинира и младите и постарите. Се отвора на 20-ти ноември и трае до 23-ти декември 2015.
2. Стразбур
Најстариот божиќен пазар во Европа, Christkindelsmärik првпат е одржан во Стразбур во 1570-та година. Пазарот се наоѓа на 12 локации и има повеќе од 300 тезги кои сведочат за автентичноста, топлината и великодушноста на овој град. Трае од 27-ми ноември до 31-ви декември 2015.
1. Загреб
Прв град на листата на најдобри европски дестинации за Божиќ оваа година е Загреб – специјална атмосфера која едноставно мора да ја искусите. Улиците на овој град ве повикуваат да учествувате со пеење, танцување и други типови на забава. Пазарот трае од 28-ми ноември до 10-ти јануари.