Никогаш нема да погодите од што е направен овој рајски остров на Малдивите
Малдивите се прва асоцијација за лето, сонце, чиста вода и ситен песок на кој лежите додека си го пиете омилениот коктел.
Но, она за што никогаш не сте размислувале е дека всушност лежите на огромна количина фекалии. Поточно, фекалии од рибите - папагали.
Научниците од еден универзитет пресметале дека рибите кои јадат корали произведуваат околу 85% од седиментите кои го создаваат островот Вакару на Малдивите.
Рибите - папагали се познати по тоа што ги контролираат алгите на гребените, а затоа што Вакару е гребенски остров, во негова околина овие риби ги има во изобилие.
Освен што убаво изгледаат, овие водни суштества имаат и важна улога во прекривањето на островот со измет.
Затоа, ако некогаш прошетате по тропски плажи, не заборавајте дека всушност одите по еден куп измет од риби...