Совршени места во Франција за романтична венчавка
Венчавка во земјата на љубовта и романтиката, зарем тоа не ви звучи совршено? Ако сакате поинаква венчавка надвор од државата, тогаш погледнете ги овие совршени места во Франција.
Велат дека сѐ е возможно доколку силно се посакува, а доколку на вашата листа со желби е венчавка во Франција, ова се идеалните места:
1. Бајка во „Chateau de Challain”
Многу девојки посакуваат венчавка како од бајките, тогаш ако сакате да бидете принцеза венчајте се во овој прекрасен замок. Ноќните венчавки се прекрасни, бидејќи се поставуваат свеќи кои го осветлуваат патот на невестата до младоженецот. Замокот се наоѓа во центарот на Франција, во „Долината на Лоара” каде што се наоѓаат едни од најубавите замоци во светот.
2. Во природа на Француските Алпи
Ако сте двојка која обожава скијање, планинарење или воопшто природа, тогаш ова е за вас совршено место за свадба. Освен церемонијата, тука ќе можете да уживате во скијање и сноубординг и да имате многу авантуристички приказни кои ќе ги раскажувате.
3. Цветна свадба во „Chateau du Rivau”
Ниедна свадба не е целосна без цвеќиња, а тоа нема да ви недостига во овој замок. Преку 450 видови рози ќе ви го разубават најубавиот ден во животот, а во замокот постојат посебни свадбени простории.
4. Историска свадба во капела
Франција е преполна со историски знаменитости, па затоа едно од одличните места за стапување во брак е капелата посветена на Луис XVI и Марија Антоанета. Дури и ако не сте по историјата, сепак убавата капела ќе ве остави без здив.
5. Класична француска свадба пред Ајфелова кула
Кога ќе помислиме на Франција првото што ни паѓа на памет е Ајфеловата кула. Зарем има подобро место од оваа прекрасна структура во светот да се каже судбоносното „Да”? На крајот, ќе имате прекрасни фотографии од вашата свадба направена на една од најубавите светски локации.