10 причини зошто да ја посетите Севиља

Како главен и најголем град во Андалузија, Севиља е еден од најпосетуваните градови во Шпанија. Таа воодушевува со својата убавина, а ве освојува со својата култура и традиција.

10-pricini-zosto-da-ja-posetite-sevilja-01

Ако некогаш сакате да ја видите вистинската Шпанија, подалеку од Барселона и Мадрид, тогаш овие 10 места во Севиља ќе ви раскажат една поинаква шпанска приказна, која ќе ви остане во најубав спомен.

1. Катедралата на Севиља

Она што мора да го видите кога ќе ја посетите Севиља е катедралата  Saint Mary of the See, најдобро позната како Катедралата на Севиља. Таа е најголемата готска катедрала и трета најголема црква во светот, каде се наоѓа и гробот на Кристофер Колумбо. Од нејзиниот врв се гледа панорамата на градот која ќе ве воодушеви.

10-pricini-zosto-da-ja-posetite-sevilja-1.jpg


2. Почувствувајте го кралскиот живот во дворецот Alcazares

Штом еднаш отидете во Севиља не пропуштајте да влезете во дворецот кој е познат како еден од најубавите во Шпанија. Тој е и еден од најрепрезентативните архитектонски објекти. Познат е и како родното место на принцезата Марија Антоанета.

10-pricini-zosto-da-ja-posetite-sevilja-2.jpg


3. Ѕирнете во футуристичкиот објект Metropol Parasol

Оваа футуристичка дрвена градба е дизајнирана од германски архитект и претставува најголема дрвена градба во светото. Има облик на печурки а во неа се сместени антикварница, огромен маркет, отворен плоштад и панорамски тераси, кои вклучуваат и ресторан, од каде ќе го добиете најубавиот поглед на центарот на градот.

10-pricini-zosto-da-ja-posetite-sevilja-3.jpg


4. Шпанскиот плоштад

Не заборавајте да прошетате по прекрасниот плоштад Plaza de Espana изграден во 1929 година каде целиот ренесансен стил на традиционалната шпанска архитектура ќе ве воодушеви.

10-pricini-zosto-da-ja-posetite-sevilja-4.jpg


5. Златната кула (Torre del oro)

Tаа е воена надгледувачница која е изградена во времето на династијата Алмохад за да го контролира движењето низ Севиља покрај реката Гвадаликвир. Функционирала и како затвор во периодот на средниот век.

10-pricini-zosto-da-ja-posetite-sevilja-5.jpg


6. Прошетајте по споредните улички на Севиља

За вистински да го почувствувате и доживеете духот на Севиља мора да прошетате по околните споредни улички на Севиља. Во нив може да го забележите обичниот начин на ѓивот, скромните домови со весели бои на фасадите и калдрма на улиците.

10-pricini-zosto-da-ja-posetite-sevilja-6.jpg


7. Мора да пробате тапаси и да се напиете сангрија

Нема подобар начин да запознаете една култура или да запаметите некое место, како што можете преку традиционалната храна. Едно од најпознатите јадења се тапасите кои се сметаат како аперитиви или закуски, предјадења. Ги има во различни вкусови, со многу зачини, а во основата имаат тортиља која се полни со разни додатоци.

10-pricini-zosto-da-ja-posetite-sevilja-7.jpg


8. Plaza de toros

Влезете во рингот на тореадорите и биковите за да го почувствувате борбениот дух на минатото, да дознаете за историјата на борбите со бикови и да доживеете еден поинаков дел на Севиља.

10-pricini-zosto-da-ja-posetite-sevilja-8.jpg


9. Паркот Maria Luisa

Градините на палатата San Telmo се отворени за посетителите кои остануваат воодушевени од фонтаните, декорациите и природата која може да ја најдат во овој парк. Не постојат доволно зборови кои можат да ви ја опишат глетката која се доживува.

10-pricini-zosto-da-ja-posetite-sevilja-9.jpg


10. Почувствувајте го ритамот на фламенко

Неизбежно е ако сте во Севиља, Шпанија да го одминете фестивалот на фламенкото. Тоа е нешто што мора да го ставите во задолжителната агенда ако сакате да ги запечатите убавите спомени од прошетката со звуците и ритамот на најстрасниот танц.

10-pricini-zosto-da-ja-posetite-sevilja-10.jpg

Би можело да ве интересира:

Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg