Најубавите скриени улици во Париз низ кои вреди да се прошета

Париз е еден од најпосетуваните градови во Европа, но освен познатите знаменитости овој град има скриени богатства за кои не знаат дури ни тамошните жители...

najubavte-skrieni-ulici-vo-pariz-niz-koi-vredi-da-se-proseta-01.jpg

Овие цветни, весели и шарени улици во Париз се скриени од очите на туристите, па единствено доколку се загубите би можеле да наидете на некоја.

Најубавите скриени улици во Париз се токму овие:

„Notting Hill: Cremieux Street”

Ако сте обожаватели на британскиот главен град, тогаш сигурно ќе се заљубите во овие поплочени улици и куќи во пастелни бои. Оваа улица претставува еден мал и ексцентричен дел од Лондон токму во срцето на Франција.

najubavite-skrieni-ulicki-vo-pariz-niz-koi-vredi-da-prosetate-1


„Thermopyles Street”

Кога ќе шетате по оваа улица буквално ќе бидете опиени од мирисот на природата. Куќите не се повисоки од 3 ката, а фасадите се украсени со винова лоза. Целата улица изгледа како едно мало и слатко село во големиот град.

najubavite-skrieni-ulicki-vo-pariz-niz-koi-vredi-da-prosetate-2


„Durmar Cite Street”

Уште позната и како уметничка улица, која е комбинација на зеленила, шарени излози и прекрасни цвеќиња.

najubavite-skrieni-ulicki-vo-pariz-niz-koi-vredi-da-prosetate-3


„Vignoles Street”

Овој предел е еден лавиринт од слепи улички со куќи кои се изградени уште во 19-от век. Навистина е голема авантура да се изгубиш во овој дел од градот прекриен со зелени оази.

najubavite-skrieni-ulicki-vo-pariz-niz-koi-vredi-da-prosetate-7-


„Mouffetard Street”

Ова е една од најстарите улици во Париз, а ќе ја пронајдете така што ќе ја отворите вратата број 52 покрај тезгите за сувенири на оваа улица и ќе се најдете помеѓу апартмани со бело обоени ѕидови. Шетајќи по оваа улица ќе заборавите дека се наоѓате во голем град.

najubavite-skrieni-ulicki-vo-pariz-niz-koi-vredi-da-prosetate-9.fw.jpg


„Des Peupliers Street”

Уште едно мало скривалиште со куќи како од бајките, изгубени во бујната вегетација. Зад овие дворови очекувајте мирен живот, далеку од париските гужви.

najubavite-skrieni-ulicki-vo-pariz-niz-koi-vredi-da-prosetate-5


„Moliereov Street”

Оваа уличка постои од 1871-та година, а името го добила по стариот театар кој се наоѓал тука. Станува збор за мирно одморалиште со мали продавници, ресторани и кафулиња. Кафето тука сигурно ќе ви биде големо уживање.

najubavite-skrieni-ulicki-vo-pariz-niz-koi-vredi-da-prosetate-6

Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Паролдо: Вошебно италијанско село во кое се верува дека живеат вештерки (фото) Паролдо има околу 230 жители, а постојат легенди дека во волшебното село живееле...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...
Српска блогерка споделува: Колку пари се потребни за посета на спомениците низ Истанбул? За посета на Аја Софија ќе ви требаат 25 евра, за Токапи палатата 45... Колку па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg