10 работи кои ќе ви станат секојдневие ако се преселите во Германија
Секое патување надвор од дома, од родниот град или земја, носи промени. Секоја друга земја има свои карактеристики, правила и менталитет на луѓе. Но, кога веќе сте решиле да патувате, треба да се навикнете на промените и да ги прифатите новите навики.
Ова се неколку работи кои треба да ги очекувате доколку одлучите да се преселите во Германија.
1. Чудно ќе ве гледаат ако се насмевнувате во јавност
Насмевнувањето на непознати кои ги среќавате првпат на улица е чудно за Германците. Тие се поздравуваат само ако се пријатели или познаници. Па, така, може и малку под око да ве погледнат и веднаш да сфатат дека сте странец. За нив, смешкањето без причина се смета за психичко нарушување.
2. Ќе треба да си купите велосипед
Да извадите дозвола за автомобил во Германија чини многу. Брзо ќе сфатите дека велосипедот е најпрактично и најевтино превозно средство. Повеќето градови имаат велосипедски патеки и фер возачи кои имаат почит.
3. Ќе откриете многу скриени места за забава и клубови
Ако доаѓате од помал град во поголем како некој од германските може на почетокот да ви се чини здодевно. Но, тоа е само додека запознаете германски пријатели кои ќе ве одведат на локални места каде забавата продолжува прекувремено и тогаш ќе ви олесни.
4. Многу ќе патувате
Германија е лоцирана на средина од Европа. Па, со оглед на тоа што железничките станици во малите градови се преполни со луѓе, решението ќе ви биде да фатите некој евтин авион и да прошетате до Мароко, на пример.
5. Ќе се навикнете да нарачувате пиво со ручекот
Кога некој од колегите ќе ве понуди со ручек и пиво, не одбивајте и не паничете. Ништо од сево ова нема да ве одведе надвор од канцеларија, туку е обична навика. Не се чудете и кога за време на важен фудбалски натпревар на репрезентацијата, скоро сите фирми затвораат на неколку часа и заедно одат да гледаат.
6. Водата е нешто посебно во Германија
Германците сакаат минерална вода. Многу ретко, скоро никогаш, не се пие вода од чешма. Дури и ако во кафуле побарате чаша вода, не бидете изненадени, ако ви донесат посебно стаклено шише со газирана вода.
7. Ќе почнете професионално да рециклирате и да се грижите за околината
Таму нема само стандардното рециклирање и поделба на стакло, пластика и хартија, туку и дополнително каде за помош при рециклирањето шишињата се делат и според бојата на стаклото бела, зелена, кафена, а сè што не спаѓа во ниедна категорија се складира во посебна корпа каде рачно се селектира.
8. Модерното е нормално
Тоа што тука би ви било луксузно, во Германија спаѓа во нормално. Таму студентските домови се со соби во кои има и чист кревет, бања, топла вода...па може да се препуштите на уживањето.
9. Лесно ќе научите како да се изразите на германски за основните потреби
Храната и пиењето ви се основни, па мора да знаете како да ги побарате. Потребни ви се неколку фрази после кои сè ќе ви биде полесно. Важно е да остварите контакт и со луѓето.
10. Ќе го сфатите германскиот начин на живот
Ќе се навикнете на сè, веќе ништо нема да ве чуди и ќе знаете да живеете како нив, без да грешите и без да имате необични домашни навики. Со оглед на редот и принципите кои ги имаат таму, штом еднаш ги научите, лесно ќе се навикнете и ќе ви станат сосема нормални и вообичаени, па можеби ќе се почувствувате како цел живот да сте живееле таму.