Подобро од хотел со 5 ѕвезди - $23.000 долари за летање со Singapore Airlines (фото)

Можеби мислите дека ако летате до Њујорк не е важно како ќе стигнете, само посакувате да се најдете таму.

podobro-od-hotel-so-5-zvezdi-23000-dolari-za-letanje-so-singapore-airlines-foto-1.jpg

Сепак, некои авиокомпании она што го нудат за време на летот може да ви се чини дури и подобро од крајната дестинација.

Singapore Airlines Suite Class е прва најлуксузна комерцијална авиолинија која нуди посебна кабина - апартман со спална на која може да уживате.

Целиот ентериер е изработен од страна на француски и италијански дизајнери кои ги уредувале и едни од најпознатите луксузни јахти.

Апартманите се со најквалитетни материјали и елементи, целосно приватни и дигитализирани за сите потреби.

podobro-od-hotel-so-5-zvezdi-23000-dolari-za-letanje-so-singapore-airlines-foto-2.jpeg

podobro-od-hotel-so-5-zvezdi-23000-dolari-za-letanje-so-singapore-airlines-foto-3.jpeg

podobro-od-hotel-so-5-zvezdi-23000-dolari-za-letanje-so-singapore-airlines-foto-4.jpeg

podobro-od-hotel-so-5-zvezdi-23000-dolari-za-letanje-so-singapore-airlines-foto-5.jpeg

Но, задоволството со луксузна приватност и врвна услуга сепак ќе ве чини и луксузен златен билет од $23.000 долари.

Тоа баш и не може да си го дозволи секој, но некои од вистинските азиски фанатици се подготвени да земат и кредит од банка само за да го доживеат ова задоволство.

На почетокот, уште при влезот во оваа класа ве пречекува лоби како во хотел, а додека дојде авионот, добивате и приватна соба во која може да се опуштите додека чекате.

podobro-od-hotel-so-5-zvezdi-23000-dolari-za-letanje-so-singapore-airlines-foto-6.jpeg



Не само што добивате врвна услуга и приватност, туку може да уживате и во првокласната храна и пијалаци и во вашиот приватен апартман, но и во ресторанот каде може да се најдете и со останатите патници од оваа класа.

podobro-od-hotel-so-5-zvezdi-23000-dolari-za-letanje-so-singapore-airlines-foto-7.jpeg

podobro-od-hotel-so-5-zvezdi-23000-dolari-za-letanje-so-singapore-airlines-foto-8.jpeg



Секој оброк е подготвен со посебно внимание и во однос на вкусот, но и во однос на изгледот.

podobro-od-hotel-so-5-zvezdi-23000-dolari-za-letanje-so-singapore-airlines-foto-9.jpeg

podobro-od-hotel-so-5-zvezdi-23000-dolari-za-letanje-so-singapore-airlines-foto-10.jpeg

podobro-od-hotel-so-5-zvezdi-23000-dolari-za-letanje-so-singapore-airlines-foto-11.jpeg



Тука навистина може да ги пробате највкусните деликатеси и најскапите шампањи.

podobro-od-hotel-so-5-zvezdi-23000-dolari-za-letanje-so-singapore-airlines-foto-12.jpeg



Дури може да си одберете и посебна титула под која сакате да бидете заведени во системот. Тука може да се чувствувате како крал, принц, претседател и сл.

podobro-od-hotel-so-5-zvezdi-23000-dolari-za-letanje-so-singapore-airlines-foto-13.png



Имате пристап до сите светски весници, доколку ви е потребно да бидете во тек со сите информации.

podobro-od-hotel-so-5-zvezdi-23000-dolari-za-letanje-so-singapore-airlines-foto-14.jpeg



Секој патник во апартманот може да изгледа видео со сите безбедносни мерки во случај на несреќа.

podobro-od-hotel-so-5-zvezdi-23000-dolari-za-letanje-so-singapore-airlines-foto-15.jpeg



Покрај основните работи и услуги во оваа класа добивате и луксузна козметика само за вас, можност да уживате во музиката и филмовите со врвна технологија, постелнина и пижами од светски брендови.

podobro-od-hotel-so-5-zvezdi-23000-dolari-za-letanje-so-singapore-airlines-foto-16.jpeg

podobro-od-hotel-so-5-zvezdi-23000-dolari-za-letanje-so-singapore-airlines-foto-17.jpeg

podobro-od-hotel-so-5-zvezdi-23000-dolari-za-letanje-so-singapore-airlines-foto-18.jpeg

podobro-od-hotel-so-5-zvezdi-23000-dolari-za-letanje-so-singapore-airlines-foto-19.jpeg



Доколку не сакате да заспиете и до максимум да го искористите патувањето, тогаш може да нарачате уште некое кафе со врвен вкус и најквалитетни состојки, чај или што и да е вашата желба.

podobro-od-hotel-so-5-zvezdi-23000-dolari-za-letanje-so-singapore-airlines-foto-20.jpeg

podobro-od-hotel-so-5-zvezdi-23000-dolari-za-letanje-so-singapore-airlines-foto-21.jpeg

podobro-od-hotel-so-5-zvezdi-23000-dolari-za-letanje-so-singapore-airlines-foto-22.jpeg

podobro-od-hotel-so-5-zvezdi-23000-dolari-za-letanje-so-singapore-airlines-foto-23.jpeg



Може да се обратите на секој од келнерите кои се обучени за да ви одговорат на сите потребни прашања и да ви го препорачаат најдоброто.

Може да добиете и посебен водич кој ќе ве прошета низ целиот авион доколку сакате да го разгледате.

podobro-od-hotel-so-5-zvezdi-23000-dolari-za-letanje-so-singapore-airlines-foto-24.jpeg

podobro-od-hotel-so-5-zvezdi-23000-dolari-za-letanje-so-singapore-airlines-foto-25.jpeg



Кога е време за спиење она што претходно ви е удобна кожна фотелја ви ја претвораат во широка спална на која може да уживате без никој да ви пречи.

podobro-od-hotel-so-5-zvezdi-23000-dolari-za-letanje-so-singapore-airlines-foto-26.jpeg

podobro-od-hotel-so-5-zvezdi-23000-dolari-za-letanje-so-singapore-airlines-foto-27.jpeg

podobro-od-hotel-so-5-zvezdi-23000-dolari-za-letanje-so-singapore-airlines-foto-28.jpeg

podobro-od-hotel-so-5-zvezdi-23000-dolari-za-letanje-so-singapore-airlines-foto-29.jpeg

podobro-od-hotel-so-5-zvezdi-23000-dolari-za-letanje-so-singapore-airlines-foto-30.jpeg

podobro-od-hotel-so-5-zvezdi-23000-dolari-za-letanje-so-singapore-airlines-foto-31.jpeg



Пред спиење и следното утро може да користите посебна бања во која може да се преоблечете, и подготвите за слетувањето. Веројатно е полуксузна од многу соби кои се за спиење.

podobro-od-hotel-so-5-zvezdi-23000-dolari-za-letanje-so-singapore-airlines-foto-32.jpeg

podobro-od-hotel-so-5-zvezdi-23000-dolari-za-letanje-so-singapore-airlines-foto-33.jpeg

 

Штом се разбудите добивате информативно видео за временската прогноза и сите неопходни информации за местото каде што треба да слетате.

Повторно ги добивате најлуксузните и најквалитетните оброци кои може да ги посакате.

podobro-od-hotel-so-5-zvezdi-23000-dolari-za-letanje-so-singapore-airlines-foto-34.jpeg

podobro-od-hotel-so-5-zvezdi-23000-dolari-za-letanje-so-singapore-airlines-foto-35.jpeg

podobro-od-hotel-so-5-zvezdi-23000-dolari-za-letanje-so-singapore-airlines-foto-36.jpeg



Ако сè уште имате време до слетувањето и имате време за уште една дремка, може да уживате и на единечен кревет кој е еднакво удобен.

Ако покрај сите претходни оброци повторно сте гладни, ви следува сè што ќе посакате на трпезата.

podobro-od-hotel-so-5-zvezdi-23000-dolari-za-letanje-so-singapore-airlines-foto-37.jpeg

podobro-od-hotel-so-5-zvezdi-23000-dolari-za-letanje-so-singapore-airlines-foto-38.jpeg

podobro-od-hotel-so-5-zvezdi-23000-dolari-za-letanje-so-singapore-airlines-foto-39.jpeg

podobro-od-hotel-so-5-zvezdi-23000-dolari-za-letanje-so-singapore-airlines-foto-40.jpeg

podobro-od-hotel-so-5-zvezdi-23000-dolari-za-letanje-so-singapore-airlines-foto-41.jpeg

podobro-od-hotel-so-5-zvezdi-23000-dolari-za-letanje-so-singapore-airlines-foto-42.jpeg



На крајот сепак е добро и да се симнете од авионот-хотел, зашто Њујорк и не е толку лош.

podobro-od-hotel-so-5-zvezdi-23000-dolari-za-letanje-so-singapore-airlines-foto-43.jpeg

Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg