Шведски хотел во кој повторно ќе се поврзете со природата (фото)

Без електрична енергија, без вода и без интернет конекција – овој хотел е за авантуристи кои сакаат да се оддалечат од големите екрани на нивните компјутери и „паметни“ телефони, како и од секојдневната технологија.

svedski-hotel-vo-koj-povtorno-ke-se-povrzete-so-prirodata-foto-01

Коларбин Еко логорот е еден од најпримитивните хотели во Шведска. Има 12 дрвени куќарки во шумата кои се изолирани во шумата Скинскејтберг, на оддалеченост од два часа возење од Стокхолм.

Сите услуги кои ги нуди се примитивни и во стилот на Робинзон Крусо. Креветите се тврди, бањата е во блиското езеро, храната се готви на оган кој сами ќе го запалат, а јадат она што ќе си уловат. Главната забава е вечерното собирање околу огнот и раскажувањето приказни.

Она што е најатрактивно за туристите е прошетката со локални водичи кои ги запознаваат со природата, дивите животни, растенија и инсекти.

„Пријателствата“ на реалното сафари се она што им останува во најдраг и највозбудлив спомен.

Хотелот е погоден и за фамилијарни и за романтични посети, а цените се 160 евра за возрасни и 80 евра за деца.

Подготвени сте за еден ваков одмор? Можете да се откажете од технологијата?

Би можело да ве интересира:

Предлози за викенд во Солун: Музеј на селфи, лизгалиште и забавен парк за целото семејство Топло време, чист воздух, новогодишно декориран: Солун во предновогодишна атмосф...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Српска блогерка споделува: Колку пари се потребни за посета на спомениците низ Истанбул? За посета на Аја Софија ќе ви требаат 25 евра, за Токапи палатата 45... Колку па...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...
Фотки поради кои ќе посакате веднаш да отпатувате во Швајцарија Зеленило, планини и селца кои изгледаат како од некоја бајка – Швајцарија дефини...
5 кампови во областа Пиериа, најчесто посетувани од Македонците Во кампот Esperides, многу Македонци имаат приколки кои се поставени таму со год...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg