Глетки во кои уживаат само пилотите (фото)
Нема секој таква работна позиција од која може да ужива во погледот на поларната светлина. Но, за пилотите тоа е скоро секојдневие.
Компанијата „British Airways“ неодамна ги замолила своите пилоти да ги споделат со нив најубавите погледи од пилотското седиште.
Преку Сиднеј до совршениот поглед на планината Фуџи, нивниот избор е спектакуларен. Чувството и глетките кои се нудат маѓепсуваат.
Може за момент да замислите како сте далеку од сè она што се случува на земјата, сè што ви пречи додека го гледате блиску до вас, сè што не ви се допаѓа, а истовремено и многу работи на кои се воодушевувате, сплотени заедно во еден пејзаж изгледаат толку ситно, но и толку големо од нивната перспектива.
Но, не се тоа само градовите, туку и многу природни убавини и појави. Моментите кога летаат над облаците или кога им се чини дека му се приближуваат на сонцето, се незаменливи.
Она што сигурно секој би го освоило се ноќните глетки над градовите, кога блескаат во полн сјај, па ви се чини дека ѕвезденото небо е долу.
Навистина е посебно да се видат нивните перспективи: